НИКОЛА ДИМИТРОВ ЖЕСТОКО ГО ЗАПУКА КУРНАЗОТ ОД ВЕЛГОШТИ : Александар Николовски е политички ЛЕШИНАР кој поим нема како функционира светот на дипломатијата

0
483

Шефот на дипломатијата Никола Димитров излезе со реакција на денешната изјава на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во која тој тврди дека Владата крие документ од јавноста, со кој Бугарија отворено го условува за датумот за преговори.

-Александар Николовски е политичарот кој од среде Собрание, за проектот Скопје 2014, со цел ум рече: “Ние сега првпат градиме македонски идентитет…Деновиве, со тактика на политички “лешинар”, небаре се радува и едвај чека да има лоши вести, токму истиот тој Николовски е повторно гласен во врска со Изјавата на Бугарија прикачена кон записникот на седницата на Советот за општи работи на ЕУ од 25 март, напиша Димитров на неговиот Фејсбук статус.

Додава дека Николовски со ваквите тврдења покажува дека нема разбирање за начинот на кој функционира светот на дипломатијата, додавајќи дека станува збор за унилатерална толкувачка изјава.

-Се разбира, можно е Николовски толку и да разбира како функционира светот на дипломатијата, па да не знае дека во случајов станува збор за стриктно унилатерална толкувачка изјава што ги отсликува позициите на една земја членка на ЕУ – Бугарија, во која впрочем е јасно наведено дека тоа е видување на Бугарија (нe на ЕУ!). Документ што самата Европска унија не го објави во пакетот со заклучоците. Притоа, оваа изјава нема никаков правен ефект врз содржината и опсегот на одлуката на ЕУ за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија, напиша шефот на дипломатијата.

Шефот на дипломатијата истакнува дека партијата на Николовски е таа што го бојкотираше референдумот и ден денес е против Преспанскиот договор и против Договорот за пријателство со Бугарија, кој поставува правна рамка каде македонскиот јазик и бугарскиот јазик се во целосно еднаква позиција.

-Идентитетот не е само за по дома! Тешкиот историски процес за меѓународно етаблирање на македонскиот идентитет – конечното решавање на македонското прашање – нужно бара соочување со предизвиците со соседите. И тоа се процеси кои траат. Тие не се нови, иако долго време беа под килим и беше инвестирано да останат стуткани таму и да ѕиркаат кога треба да се злоупотребат за политичко профитерство. Е затоа за овие процеси на македонската кауза и требаат луѓе со идеали. А вие, ако веќе не помагате, аман не одмагајте! Македонскиот народ овој процес ќе го заокружи, со вас или и покрај вас. Ќе напишев изборот е ваш, ама за жал вие изгледа одамна го направивте тој избор. Ќе не биде! И покрај сите ваши напори да не вратите во дупката на самосожалувањето и улогата на жртва. Ќе излезе македонскиот народ од овој процес како победник. И таа победа ќе биде истовремено и победа на европските соседи. Бидејќи не можете да “победите” ако го поразите соседот, пишува Димитров.

Николоски денеска обвини дека Димитров крие дека од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинствата во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македoнскиот јазик и да користи само т.н. „службен јазик на Република Македонија“. Според него, документот станал резиме на заклучокот за проширувањена на ЕУ без кој нема датум за преговори.

Исто така ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања ако Македонија сака да продолжи со преговорите со ЕУ, помеѓу другото се вели во документот кој стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и без кој нема датум за преговори за Македонија. Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ“, додаде тој.