Комплетна лага и дезинформација е тврдењето на провладините медиуми дека став на европратениците, после двете средби со делегациите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, е итно враќање на македонските социјалдемократи во Собранието и прекинување со објавување на телефонските разговори што се стекнати на нелегален начин, за што ќе следува судскиот случај „Пуч”, на кој ќе се докажува нивната автентичност.
СДСМ за ова се огласи со соопштение од само една реченица: „Гласилото на Никола Груевски, порталот Курир, ја лаже јавноста со информации што немаат никаква допирна точка со случувањата и разговорите во Брисел“.
Провладините медиуми се повикаа на неофицијални информации, додека официјално, тројцата европратеници кои го отворија дијалогот, Вајгл, Кукан и Ховит, куртоазно изразија задоволство од почетокот на разговорите, кои треба да продолжат после Велигден.
Делегацијата на СДСМ, составена од заменик претседателката Радмила Шекеринска, Рената Дескоска и Виктор Габер, ги повторила добро познатите барања на опозицијата – владата, јавниот обвбинител и раководството на МРТ да си поднесат оставки и да се формира преодна влада. за да се отвори простор за политичка и правна разрешница на кризата Делегацијата на владејчката ВМРО-ДПМНЕ, составена од челновите на Извршниот комитет, Никола Попоски, Никола Тодоров и Илија Димовски, пак, ги повториле позициите промовирани од премиерот Груевски – дека кризата треба да се реши со правна разрешница на случајот „Пуч“, а може да се разговара за сите барања на опозицијата, освен за преодна влада и за нови избори.
– Тројцата европратеници од нашата делегација ниту побарале, ниту можеле да побараат СДСМ да се врати во парламентот и да престане со објавувањето на аудио-снимките од прислушуваните разгховори, кои сведочат за криминалите на власта. Не Брисел, Господ тоа не може да го запре. Овие шпекулации во Курир и во другите провладини медиуми покажуваат дека Груевски е исплашен од бомбите што допрва ќе ги објавиме – изјави за Плусинфо висок функционер на СДСМ.