НИВНАТА БОЛКА Е НАША БОРБА – АКТИВИСТИТЕ БАРААТ ДРЖАВНИ ШЕЛТЕРИ ЗА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА

0
531

Здруженија за заштита на животните и бројни активисти денеска протестираа пред Владата по повод последниот настан што се случи во Струга, каде беа убиени десетина кучиња скитници. Тие бараат од институциите да работат на проблемот со бездомните животни во интерес на заштита на животните, но и на луѓето.

– Ние не сакаме да има напади на граѓани од страна на кучиња! Не сакаме ниту да има бездомни животни по улиците! Токму затоа бараме поддршка да се избориме сите заедно и да извршиме притисок, институциите да започнат еднаш засекогаш да работат на овој проблем. Сите општини, сите градоначалници, сите пратеници се платени од нашиот данок и време е да започнат со работа. Секоја една општина има буџет за решавање на проблемот со бездомните кучиња, а каде завршуваат тие пари никој не знае – изјави Наталија Малзаркова од Здружението „Шепасти ентузијасти”.

За да не дојде до нови напади на граѓани од кучиња, убиства и расфрлани отрови од кои може да настрадаат и луѓе, Малзаркова рече дека до надлежните институции, ги поставуваат следните барања и додаде дека се надеваат дека ќе бидат разгледани заедно со нив.