НЕ ЧЕКА ВИСТИНСКИ ПОЛИТИЧКИ ЗЕМЈОТРЕС: Оставка на Иванов, Груевски кандидат за Претседател – претседателски и парламентарни на 5 јуни?!

0
962

Да ја повлече одлуката за аболиција или да поднесе оставка, се двете можни сценарија кои се врзуваат со името на Претседтелот Ѓорѓе Иванов, како решение за проблемот кој го направи со одлуката да не дозволи кривично гонење на 56 политичари, што предизвика револт и протести кои траат две недели, пишува порталот Сведок.

Во можното сценарио за давање оставка се посочува утрешниот ден како датум, за да може, во законскиот рок од 40 дена да се распишат и претседтелски избори кои би се одржале заедно со парламентарните на 5 јуни.

Доколку дојде до вакво сценарио, што не е тешко изводливо, во среда Уставниот суд би ја констатирал оставката, само ќе остане прашањето, кој ќе го потпише решението за дополнителните избори: дали Трајко Вељаноски може да го стори тоа во време на распуштен парламент, ако веќе не можеше да свика седница за импичмент на Иванов.

Но, во теориите на политичките шпекулации и толкување на правото се е можно, па би се истолкувало дека Вељаноски, „за не дај боже“ е Претседател на Собрание до конституирање на новиот состав, и како таков може да потпише решение за претседателски избори, па дури, и да го нменува Претседателот ако треба, како негов формален заменик според уставната поделба на власта.

Меѓутоа, тоа што е поинтересно е прашањето, кој би бил кандидат за Претседтел ако Иванов реши (или речено народски -ако му наложи партијата) да си даде оставка?

Во сегашниве услови, на силна медиумска кампања, и теренска секако, со целосна партиска и државна машинерија зад себе, то би можело да биде само Никола Груевски.

Формално, ги исполнува законските услови, да има над 40 години и континуирано живеење во земјава во последните 15 години, а би бил идеален кандидат во услови кога другите партии најавуваат бојкот на изборите и на така краток рок, за кој, објективно другите партии или независни кандидати немаат логистика и ресурси.

На ваков начин, ВМРО ДПМНЕ за себе би си обезбедила апсолутна власт, мнозинство во Парламент, Претседтел на држава, па во таква ситуација, може да се пазари за поддршка само со ДУИ, а за возврат да им го отстапи местото Претседтел на Собрание.

Овие тези одат во прилог на информациите дека Груевски барал цврста гаранција дека изборите мора да се одржат на 5-јуни, а најавувал, дека тој не морало да биде пак премиер. До некаде тоа и би било така, доколку, во последен момент не се употреби џокерот, оставка на Иванов, кандидат Груевски и освојување на апсолутна власт.

Тука треба да се бара и ангажираноста на Груевски со посета на секое село, промовирање на мерки за различна старосна структура на население, со микрофон на себе, и со силна медиумска машинерија, како минатонеделниот настап пред двајца сточари во Пуста Брезница, каде што најави увоз на високомлечни крави, кози и овци, на кој „настан“ имаше екипи од сите можни про владини медиуми.

Иванов, според Устав не може да се кандидира за трет мандат, а партијата, за услугата што им ја направи со аболицијата, сигурно може да му обезбеди амбасадорска позиција, на која јавноста набрзо и би го заборавила.

Ви звучи шашаво? Да, што би рекол, Иванов, звучи шашаво, ама може да функционира.

Да почекаме што ќе донесе оваа седмица, дали оставка и кандидат за претседтел или санкции и црни листи од ЕУ за македонски политичари со замрзнат имот?

Неделава е идеална за вакви крупни одлуки, бидејќи доаѓаа Велигденски и првомајски празници, време за семејни средби и пикници наместо празници, а до вторник ќе заборавиме и дека Иванов дал оставка и дека на 5-ти јуни би имале двојни избори пишува Сведок.