Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели струшкиот градоначалникот Рамиз Мерко по именувањето на т.н Црна листа на САД, треба сам да донесе одлука дали ќе даде оставка од функцијата.
– Мислам дека Мерко треба сам да донесе одлука по однос на неговиот однос со граѓаните коишто го избрале. Да сум јас гласач во Струга, да беше тоа градоначалник од Чаир, ќе кажев мое мислење. Меѓутоа јас не сум го гласал, ниту живеам во Струга, и мислам дека тоа е прашање на односот помеѓу градоначалникот и граѓаните коишто го избрале.
Во однос на партиските функции, државните функции апсолутно сме недвосмислени во тој дел, рече Османи, на новинарско прашање на прес-конференција во МНР.
Тој посочи дека ДУИ го кажале нивниот став оти бараат сеопфатна домашна и меѓунардна истрага и активирање на сите можни механизми, како и дека се замрзнуваат сите позиции во партијата.
-Тоа е најдобриот одговор што можеме да го дадеме во моментот. Градоначалниците се избрани на директни избори. Ниту премиерот не е на директни избори, ни министрите, сите ние сме именувани од Собранието. Тие се на директни избори. Не се неговите гласачи само од ДУИ, и Македонци, и Албанци, и од сите други политички. Тој однос е меѓу градоначалникот и граѓаните и сами треба да го решат. Нашиот став го кажавме и мислам дека од сите досегашни реакции во регионот, бидејќи имаше црни листи во Албанија и во други држави, единствена ваква реакција имате од ДУИ.
ДУИ, кажува – Да, ја прифаќаме одлуката, веднаш да се активираат механизмите, се замрзнува членството во партијата, продолжете да го истражувате. И дури ги охрабруваме САД да продолжат, да именуваат доколку сметаат дека има такви коишто треба да се именуваат. Мислам дека ДУИ го прекина трендот на реакции кон ваквиот механизам којшто го донесоа САД, рече Османи