НЕ СМЕ ДЕЦА (не ти викам фала Никола)

0
397

Како никогаш до сега во историјата на македонската независност,сведоци сме на една власт која едноставно БРУТАЛНО се рекламира.Мојот личен впечаток е дека ниту една претходна влада не потрошила ниту 10% од средствата кој што ги троши оваа влада за себе промоција.

zoranjovanovski1

Имало изборни кампањи каде што цела Македонија била прелепена со ликот на Груевски (како и други портокалови плакати)а сите медиуми трубат за него и во исто време и вели на опозицијата “Ајде на избори„ Имало периоди каде што МТВ од рано сабајле до 12:00 на ручек не емитуваше ништо друго сем владини проекти и во исто време на опозицијата и вели “Ајде на избори„ Во моментов има НЕЗАПАМЕТЕНА ДО СЕГА пропагандна машинерија во името на СИТЕЛ,МТВ (која е повеќе ПАРТИСКИ одошто јавен сервис),Канал 5 и Алфа (а мене лично не ми беа потребни БОМБИТЕ на Заев за да бидам сигурен во ова) и повторно на опозицијата и вели ајде на ова,ајде на она.

ЕПА НЕМА НА НИШТО …. ! Не сме деца ….! Комплетниот бојкот е легитимен ….. ! Не играш фер Никола …. ! Се зема …. !Доминираш на медиумскиот простор ….. ! Имаш условно речено монополска позиција во ТВ медиумите ….! Партизираш институции …! Па за што ти плаќаме ДАНОК Никола ? За да плаќаш медиуми и аполпгети да те величаат ? Се ќе беше во ред ако ДАНОКОТ е опционен,ако ДАНОКОТ се плаќа од добра воља небаре е партиска чланарина.Но задолжителе е,и тебе ти го предаваме да го менаџираш !Ти ги имаш медиумите а опозицијата социјалните мрежи и некој три на два (собчиња/купатилца) студија,небаре се некоја забранета секта.Господ да ги поживее СОРОСОИДИТЕ Никола.Да не беа тие ништо НИТ ќе видевме НИТ ќе чуевме.Да не беа тие ни ТИТО-вото не ќебеше споредливо со твоево.(овде нужно морам да додадам во име на објективноста на колумнава дека во ТИТО-во време за ваква колумна се одело на голи оток)Што да правиме ние што не те поддржуваме тебе и што не сме на партиските списоци на Јанкулоска ? Да се фатиме за УШИ и оро да играме ? Или да ја дувнеме Америка ? Убаво замислено од твоја страна и убаво проаѓаше,но не верувам дека ќе проаѓа и по бомбиве на Заев.Извини ако не е така.

Како студент слушнав податок дека Кока Кола троши дури 70% од годишната добивката за рекламирање за следната година.Одпрво мибеше несватливо,но одкако спознав одредени економски теории сватив дека тоа не само што е исправно туку и нужно за максимизирањена добивката.Тоа е неспорно корисно,но не е нашата влада ПРИВАТНА ФИРМА па толку да се рекламира.Особено не од буџетските сретства кај што не ДЕРЕ со ДДВ-то,акцизните приходи,превисоките казни,како и даноците на имот и личните даноци.

Силната владина ТВ пропагандна машинерија презентирајќи ни СТАТИСТИКА не уверува како државата и животниот стандардоди напред.Но тие добро платени и јако угоени новинари,можат да не излажат само нас,но не и нашите стомаци !Уште во прва година на правниот факултет во Скопје (велам “само„ во Скопје,затоа што по мене нема друг СЕРИОЗЕН правен факултетовде) по предметот ЕКОНОМИКА професорот Кандикјан не предупреди на подлоста на статистиката со цитатот “Постојат лаги,постојат бессрамни лаги и постои СТАТИСТИКА„ како (многу можен) врв на сите лаги.Токму овој цитат е дрско ЗЛОУПОТРЕБУВАН од владините министри и Грујовизиите во создавање виртуелна претстава за реалноста.Но за жал 50 % од популаијата преживуваат самопоради карактеристиките и жилавоста на човечкиот организам кој е способен да преживее и со малку и со “НИКАКВА„ храна.Тоа е реалноста,а тие што “КРКААТ„ од Груевски се вероватно спремни да замижат и на уште пострашни содржини од прислушкувани разговори (т.н бомби на Заев) само да си ја задржат комоцијата.НЕКА ИМ СЛУЖИ НА ЧЕСТ !

Што е толку страшно ако оваа влада падне.Зошто толку жилаво оваа влада се бори по секоја цена да остане на власт ? Па животот е убав и ако не си на власт.Доволно е само да си здрав.Се плашат од ЗАТВОР ? Зошто би се плашеле од затвор ако се невини !По мене не е никакво решение таа техничка односно експердска влада,која ќе треба да организира предвремени парламентарни избори,ако изборите се случат веднаш.Нужно е битно да помине период од 1 година за да целата оваа ТВ пропагандна машинерија стивне или бар опозицијата фати пристоен приклучок.Зошто знаете како “Лажи лажи лажи и од лагата нешто и ќе остане„ односно “Лага која еизречена доволен број пати станува вистина„ па сходно на ова убеден сум дека дел од популацијата е сеуште под “ХИПНОЗА„ на Грујовизиите односно од оние кој со “ЗБОРЕЊЕ СЕ БОГАТАТ„

За крај би сакал да додадам дека комплетно ја оправдувам постапката на опозицијата која едноставно ги игнорира овие медиумии сметам дека е ОДВРАТНО да се даваат образложенија по ова прашање.

Зоран Јованоски