НЕ СЕ СРЕЌАВАМЕ СО ЛУЃЕ ШТО МУ СЛУЖАТ НА ГРУЕВСКИ, ОДГОВОРИ БЕСА НА ПОВИКОТ НА АЛИ АХМЕТИ

0
1743

Централното претседателство на движењето Беса синоќа одлучило да не се појави на средбата што ја организира лидерот на ДУИ Али Ахмети за денеска во 13 часот во хотелот Александар Палас, соопштија од партијата.

Во нивното соопштение се вели дека нема да се појават на средба која е организирана од луѓе кои се спомнуваат од Специјалното јавно обвинителство и од тие што се осомничени за случајот „Маѓар телеком“.

Исто така велат дека „не заборавиле дека минатата недела ДУИ и ДПА, како членови на ДИК уште еднаш му служеле верно на ВМРО-ДПМНЕ, со што одземале еден пратеник од коалицијата „Преродба со Беса.“

„Коалицијата Преродба со Беса не може да им одговори позитивно на тие кои, откако ја злоупотребија власта и волјата на Албанците за 15 години, газејќи и понижувајќи ги Албанците како никогаш порано, како и зајакнувајќи ја екстремно анти-албанската фигура на Никола Груевски, ги принудија Албанците да гласаат за една македонска партија. Ќе ги поддржиме сите иницијативи кои ќе доаѓаат од сите субјекти кои што го бранат и унапредуваат институционалниот интерес на Албанците и евро-атлантскиот стратешки интерес на државата,“ се вели во соопштението на Беса.

Извор : СДК