НЕ ИМ ИДЕ БИЗНИСОТ КОГА НЕ СЕ НА ВЛАСТ БЕЗ ПОМОШ НА ГЛУВАРЧЕТО ВМРО-ДПМНЕ КОЕ ЛЕТА ОД РИД НА РИД, ЗЕМА ПЛАЦОВИ И ФИРМИ ПРЕКУ НОЌ : КАМЧЕВ, САМСОНЕНКО И ПАНДЕЛЕВСКИ ЗАГУБИЈА 13 МИЛИОНА ЕВРА НА БЕРЗА!!!

0
1731

ЗИК Пелагонија, која има земјиште безмалку на цела Пелагонија и во која спаѓа и Стопанска Банка Битола, значи златната кокошка која ја лапнаа Камчев, Панделески и Самсоненко речиси за ич пари кога беше ВМРО ДПМНЕ на власт направила загуби од 13 милиона евра, толкав имот бил блокиран од извршители па сега газдите за да ја спасат компанијата но и банката која им дала кредити вбризгале 13 милиони евра свои пари да ги откупат овие блокирани имоти и да ги платат кредитите на банката.

Фактички купиле веќе свој имот кој претходно го изгубиле со загуба во работењето на компанијата, не успеале да вратат земени кредити. Сега веројатно со нови кредити купуваат стари кредити и се обидуваат да се спасат од банкрот.

Нешто тешко им оди бизнисот кога ВМРО ДПМНЕ не е на власт, затоа Камчев прави се што може да му помогне на Мицковски да се врати ВМРО на власт за пак да тече мед и млеко за познатиот контроверзен олигарх па наместо вака да се мачи да ги спасува фирмите од банкрот и да се мачи со хипотеки да млати милиони со тендери со употреба на ДБК и други познати методи со кои стана најбогат бизнисмен во земјава!

Инаку веста на берза за денешните ОД ШУПЉО ВО ПРАЗНО трансакции изгледаше вака:

ЗИК „Пелагонија“ од Битола ги продава друштвото „Скопско поле“ од Р’жаничино и комплексот „Александрија“ од Битола. „Пелагонија“ дополнително продава и 2.803 сопствени акции.

Комбинатот објави преку Македонска берза дека со овие зделки ќе се ослободи од имотот кој е запленет од извршители на барање на две банки. Одлуките биле на дневен ред на Собранието на акционери од 8 јануари.

Вкупната зделка за продажбата на двата имота е 13,3 милиони евра.

„Скопско поле“ од Р’жаничино го купува Друштвото за производство на мелнички пекарски и други производи и промет на мало и големо „Жито Полог“ АД – Тетово, за цена од 200.000.000 денари (3,3 милиони евра).

Комплексот „Александрија“ во Битола го купуваат „Орка Холдинг“, друштво за градежништво ТИМ за вкупно 11 милиони евра што е под законскиот износ од 20% од сметководствената вредност на имотот на „Пелагонија“. При тоа двете компании купуваат по половина од комплексот, односно ќе платат по 5,5 милиони евра.

Номинална вредност на „Александрија“ е 216.043.000,00 денари од кои непаричниот влог изнесува 154.000,00 денари, а паричниот влог изнесува 215.889.100,00 денари.

Комбинатот информира дека двајца членови на Одборот на директори се поврзани со фирмите кои го купуваат комплексот „Александрија“.

Цветан Панделески кој е акционер, претседател и неизвршен член на Одборот на директори на „Пелагонија“ е роднински поврзан со Дејан Панделески и Снежана Георгиева кои се основачи и содружници на Друштвото за градежништво ТИМ ДОО Скопје кое е страна во зделката.

Јордан Камчев кој е акционер и неизвршен член на Одборот на директори и акционер во „Пелагонија“ е сопственик на „Орка Холдинг“.

ТИМ доо на синот на Пенделевски и градежната компанија „Софија градба“ која е сопственост на Камчев како и ЗИК „Пелагонија“ се акционери и во „Жито Полог“ каде што најголем акционер е Сергеј Самсоненко.

Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ ад Битола продава и 2.803 акции, што претставуваат 1,38% од основната главнина на Друштвото. Номиналната вредност на една обична акција издадена од Комбинатот изнесува 70,2 евра.

Купувачите на понудените сопствени акции ги стекнуваат правата на иматели на обични акции и тоа право на глас во Собранието на Друштвото, право на исплата на дел од добивката (дивиденда) и право на исплата на дел од остатокот на ликвидационата, односно стечајната маса на Друштвото, согласно Законот за трговските друштва, Законот за хартии од вредност и Статутот на Друштвото.