НЕ ЗНАЕ КАЈ ТЕРА ЖЕНАВА, КАКО МУВА БЕЗ ГЛАВА ПРИФАТИ ДА ГИ БИЕ БИТКИТЕ НА ВМРО ПРОТИВ СЈО – СИЉАНОВСКА: КАТИЦА Е МУШКИ ЗАЕВ, ЗАЕВ Е ЖЕНСКА КАТИЦА?!?!

0
511

Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Македонска Каменица.

Пред присутните граѓани Силјановска Давкова истакна дека Заев и СДСМ се 4 години на власт, сега две години и претходно во техничка влада, потенцирајќи дека освен што го променија името на државата немаат направено ниту една реформа.

-Се е чудно во тој заевизам и чувме сега уште и јазично чудо чувме, човекот небаре е Блаже Коневски почна да го дополнува македонскиот јазик со нов збор кој никој не знае што значи, значи како завидлизам. Завидливост знам што е, но на што да му завидуваме? На што? Па да му завидуваат луѓето од 27-ми зошто тој не беше осуден туку беше ослободен. Му завидуваат луѓето дека го помилувале. Му завидуваат луѓето дека што сака прави, од работи на Охрид до простување на долгови, се што сака прави. Си зборува некој специјален јазик, никој не го разбира, англиски никој не го разбира, ама и македонски сега почнавме да не го разбираме, ама таков си сакаат луѓето од надвор. Јас понекогаш не е убаво може да кажам, велам па тоа што Катица е машки, женски Заев, Заев ви е женска Катица – истакна Силјановска.