НЕ ЗНАЕШ КОМПАНИИ ЛИ СЕ, ПОРТПАРОЛИ ИЛИ МЕДИУМИ? КОВАЧЕВСКИ ИМ ПЛЕСНА „ЛИЧНО МИСЛЕЊЕ“ НА ТЕЛМА И АЛФА

0
305

Ковачевски рече дека изјавата (на Али Ахмети за Телма и Алфа) веројатно е дадена врз основа на одредени факти и упати објаснување за тоа да се побара од лидерот на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Ковачевски по налог на Ахмети отвора војна со медиумите кои не му се допаѓаат.

Во државата има медиум чијашто уредувачка политика повеќе наликува на компанија која што тргува со енергенси, а има и медиум чијашто уредувачка политика повеќе личи на уредувачка политика на партиски сектор за комуникација – рече премиерот Димитар Ковачевски како „лично мислење“ за тоа како одредени медиуми за однесуваат, на прашање да ги коментира изјавите на Али Ахмети за тоа дека Телма и Алфа се непријателски медиуми на ДУИ. ја синоќешната изјава на Ахмети во која тој изрази незадоволство од медиумското известување на две телевизии во врска со случувањата во неговата партија, Ковачевски рече дека таквата изјава веројатно е дадена врз основа на одредени факти и упати објаснување за тоа да се побара од лидерот на ДУИ.