Tuesday, November 12, 2024
3.8 C
Skopje

НЕ ГО ПОЗНАВАМ ПАЛЕВСКИ ЛИЧНО, НО ЗНАМ КОЈ Е, СВЕДОЧЕШЕ МАЈКАТА НА УБИЕНАТА ВАЊА

Првообвинетиот Љупчо Палевски на денешното судење во Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: К. Попов)

Сведочењето на Зорица Ѓорчевска, мајка на киднапираната и убиена Вања Ѓорчевска, продолжи со вкрстени прашања од обвинетите и нивните адвокати, на денешното судење во Основниот кривичен суд Скопје.

Во вкрстено прашање од адвокатот на Љупчо Палевски, мајката на убиената Вања Ѓорчевска кажа дека не го познава лично, меѓутоа знае кој е.

Татко ѝ од него купил стан, тој на „Наум Наумовски Борче”, каде што се случи киднапирањето. Одговори и дека не ѝ е познато дека имале несогласувања. Односно дека ако имале, татко ѝ би се повлекол.

На барање на судијата Ивица Стефановски да прецизира од кој момент таткото на Вања тврдел дека таа е киднапирана, таа одговори:

„Од прв момент, а кога беше тој прв момент, не знам. На 27 ноември кога ја снема Вања, попладнето почна да тврди дека е киднапирана и потоа цело време не престана”.

„Од станот во Аеродром што сте го продале лани, колку орочивте на сметка“, праша судијата.

Мајката на Вања кажа дека 30 илјади евра орочила од продажбата на тој стан во Аеродром, за која зела 80.000 евра. Со 50 илјади рече дека го затворила минусот на картичките, си купила и автомобил. Во нејзина сопственост останале уште 2 стана.

По сведочењето на мајката на убиеното девојче, застана да сведочи Ана Киркова, ќерка на киднапираниот и убиен Панче Жежовски.

„Тој се познавал со Велибор Манев. Пет минути од кај нас е со кола, 10 минути пешки до кај него. Ја знам куќата на Манев. Татко ми го ангажираше да ни работи градежништво дома“, сведочеше Киркова.

„Татко ми два дена не се јавуваше. Тој немаше долгови. Татко ми живееше скромно, од својата пензија. Тој имаше спор за некаквиз плочки со Велибор Манев, одамна беше, не се сеќавам“, продолжи таа со сведочењето.

Палевски ја праша дали и спомнал нешто за него.

„Не, татко ми не ми раскажуваше за неговите пријатели и јас не ве познавам”, му одговори Киркова.

Судијата допраша што му работел обвинетиот Велибор Манев на Панче и зошто настанал судскиот спор, на што ќерката кажа дека тој местел плочки, а за што точно го тужел Панче, не се сеќава оти било одамна.

Судењето заврши за денеска, продолжува в среда.
Првообвинет е Љупчо Палевски, а покрај таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевски, обвинети соизвршители за две свирепи убиства се и Влатко Кешишов и Боре Видевски и Велибор Манев.

С. К. ДЕЛЕВСКА

Извор : СДК.МК

ОВАА НЕДЕЛА

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА КОП29 : ОД СУШТИНСКО ЗНАЧЕЊЕ Е ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ФИНАНСИИ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА КЛИМАТСКИТЕ ЦЕЛИ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Баку, Република Азербејџан...

ПЕСКОВ : МОСКВА ЈА ГЛЕДА НЕРВОЗАТА И СТРАВОВИТЕ НА ЕВРОПА ПОРАДИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП

Москва гледа одредена нервоза и стравови во Европа во...

КОСОВСКАТА ЦАРИНА СПРЕЧИ ШВЕРЦ НА СТОКА ОД МАКЕДОНИЈА

– Косовската царина соопшти дека во текот на минатата...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ