Не газеа и влечеа ко криминалци, а криминалците ги чуваа и штитеа

0
538

Почнувам да пишувам, се враќам по 500 пати. Не можам се уште да си поимам што ни направија.

Газеа академски граѓани, интелектуалци и студенти со чиста мисла за правда и свој универзитет. Еј!! За Студентски факинг парламент! За криминална невладина организација со пилиштари што два и два не знаат да соберат. Неписмењаци чиј главен достиг во животот е менаџери на турбофолк забавите во студентскиот Гоце.

Не газеа и влечеа ко криминалци, а криминалците ги чуваа и штитеа.

Ако господа, образовајте ги младите на тоа колку животот е измет во Македонија, и растете им го гневот да променат нешто. Садите семки кои утре ќе пораснат во убави и здрави пиреи.

Нека ви е на чест. Нашиот интелект ќе остане, и е посилен од вашите тешки чизми и пендреци. Нашите идеали и вредности се тие што ќе донесат едно убаво и чисто утре, а не вашите фашистички удари и закани.
Нас ќе не памтат генерациите кои доаѓаат, а вие ќе бидете само една реликвија од едно срамно и жално време.

Не се плашиме, и борбата само што започна! Ќе си ја одбраниме честа!

Фејсбук статус на Сандра Живковиќ од Студентски пленум