НЕШТО ЧУДНО СЕ СЛУЧУВА НА БИХАЧКА, ЗА ПРВ ПАТ ПОСЛЕ РЕЧИСИ 20 ГОДИНИ ЗАЕВ СПРОВЕДУВА ОПЕРАЦИЈА КОЈА Е ПОЛИТИЧКИ УБИСТВЕНА СО ЦЕЛ ДА ГО ДОТЕПА ВМРО ДПМНЕ!

0
3516

Освен коалицијата со БЕСА со која Заев ги добива изборите уште пред да почнат, овие денови забележувам уште една операција која се одвива паралелно со познатата политичка ШАХ МАТ операција на ширење и продирање во албанското гласачко ткиво која операција трае од 2015-та и која тотално го фати ВМРО ДПМНЕ на препад и не знаат во Белата Палата веќе 5 години што да прави и како да одговори на таа стратегија на “црпнатиот” генијалец во мк политиката.

Оваа втората операција не е толку убиствена како првата со МУЛТИ-КУЛТИ-ВИЗАЦИЈАТА на СДСМ, но сепак е многу важна и целта е ВМРО ДПМНЕ да се дотепа, да не мрда, да не може ниту да прдне. Заев иако вака има лик на мек верски рурален наивен лик, зад таа фасада се крие политички фајтер кој нокаутира во рингот и не сака да победува на поени. Заев е политичка варијанта на рускиот ММА фајтер Федор Емилиенко. И Федор изгледаше како возач на камион ама во рингот душа им вадеше на сите, така и Заев делува на наивен изгубен селанец во високата политика, но досега душа им извади на Бранко, Грујо, Хорхе а на ред е да го јадат и Мицковски и Ахмети, не му е лош учинокот!

Токму поради тој свој УБИСТВЕН инстинкт на Заев кој работи во позадина и не може да се насети на неговото лице или во неговиот говор, во СДСМ не се задоволуваат само со една операција за матирање и победа над ВМРО ДПМНЕ, туку има повеќе паралелни процеси, сите пуштени да течат заедно, за ВМРО ДПМНЕ да не знае што ги снашло!!!

Имено за што се работи? Тимот на Заев смислил генијален начин како да се пресретне нападот на ВМРО ДПМНЕ за оваа кампања. Тие веќе насетуваат дека ВМРО ДПМНЕ ќе удри жестоко против Зоран Заев како лицето, острицата на СДСМ и на оваа власт. Токму поради тоа, СДСМ во моментов спроведува комплицирана операција ЗБУНИТИ НЕПРИЈАТЕЉА, па се пуштаат првите луѓе на СДСМ без Зоран Заев да отвораат капитални проекти, нешто што беше незамисливо порано!

Можете ли да замислите фрлање на темели на прв мост на Вардар после 20 години без присуство на лидерот на партијата?!?!?! ТОа во ГРУЕВИЗМОТ беше НЕЗАМИСЛИВО!!! Но ете Заев ги пушта напред Шилегов и останатите градоначалници, они да си го покачат својот рејтинг. Намерно се трга во позадина, нешто што сигурно ги прави во ВМРО ДПМНЕ многу збунети?!?!

Потоа, се пушта прв пат мост во источна Македонија, во Штип, вреден над 1 милион евра и никаде го нема лидерот на СДСМ?!?!

Говоер држат Бочварски и Николовски, иднината на СДСМ во годините што следат?! Заев пак мудро се трга на страна и ги остава младите петли да ги соберат поените и времето во вестите на телевизиите и порталите.

Овој тренд ќе продолжи. Царовска одамна веќе сама пушта градинки, нови детски домови, разни школи сервиси итн итн…

Радмила сама промовира нова воена опрема. Таа ќе го земе факелот на НАТО, таа ќе ги добие поените.

Венко Филипче веќе се наметнува како нова силна ЅВЕЗДА во СДСМ што се гледа од паниката во ВМРО ДПМНЕ и црната пропаганда против него овие денови.

Спасовски е веќе технички премиер и веќе неговиот рејтинг се крева вртоглаво овие денови.

Претседателот Пендаровски наместо да добие наредба да се скрие тамо некаде во шумата на Водно и ДА РАНИ КУЧЕТА И ДА НЕ ПИПА ДУГМЕТА, тој сепак води активна политика, се наметнува како еден силен фактор во земјава, дури налик на Борис Трајковски и Киро Глигоров.

Што ви значи тоа? Тоа значи дека Заев намерно ги мачи ВМРОВЦИТЕ, им дава ПОВЕЌЕ ТАРГЕТИ, со тоа им го разретчува ОГАНОТ НА ПАЉБА, наместо да се фокусираат на еден таргет, ВМРОВЦИТЕ сега ќе мора да пукаат и тоа прецизно на повеќе од 5 големи силни таргети кои се сите заштитени со свои штитови и панцири кои е тешко да се пробијат.

Затоа во ВМРО ДПМНЕ сега не знаат што ги снашло, Заев паметно игра, наместо да се билда себеси како нов политички БОГ како што правеше Грујо што беше потоа лесно на СДСМ со неколку бомби да го сруши тој мит и така да го потопи бродот на ВМРО ДПМНЕ, сега СДСМ е ЛАМЈА СО 10 ГЛАВИ и ВМРО ДПМНЕ ќе се изнамачи да ја отепа таа ламја!

Оваа операција на СДСМ е толку загадочна што дури наликува и на припрема на Зоран Заев за пензионирање од мк политиката откако ќе го победи ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на 12-ти април?!?! До таму е СДСМ 10 чекори пред ВМРО ДПМНЕ кои се трудат да ги стигнат и прочитаат ама ептен тешко им оди овие неколку години!

Извор : МактелМк

Пишува : Саше Ивановски