Нервозата во ДПМНЕ поради предизборен пораз Ранковце кулминира : Физички нападнат шефот на изборниот штаб на СДСМ

0
1245

Денеска во општина Ранковце е пазарен ден.

Активисти на СДСМ како дел од изборната кампања имале директни средби со граѓаните. Разговарале со купувачите но и со продавачите на пазарот и им делеле флаери од програмата “План за живот”.

Но, според очевидци во еден момент се појавил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во Ранковце, придружуван со едно лице вработено во граничната полиција и уште едно лице вработено во шумската полиција.

Тие без никаков повод и причина почнале најпрвин вербално да упатуваат пцовки и закани по живот на шефот на изборниот штаб на СДСМ во Ранковце за да потоа истиот и физички го нападнат.

Инцидентот дознаваме дека е пријавен веднаш во МВР а лицето вработено во граничната полиција дополнително е пријавено и во внатрешната контрола.

За целиот случај има обезбедено сведоци како и фото и видео материјал. Инаку, претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ранковце стана познат во јавноста пред неколку недели откако ние како портал објавивме податоци од Бирото за јавни набавки од каде можеше да се види како фирма во негова сопственост добила тендер од ЈП Комуналец-Крива Паланка во милионска сума.

Нервозата која е присутна кај одредени функционери на ДПМНЕ во Ранковце е најверојатно од се поизвесниот пораз кој ке им се случи на 11 декември а со тоа и ке им се скратат милионите кои ги добивале преку тендери од јавните претпријатија.

Потсетуваме дека за изборна злоупотреба и спречување на политичкиот противник во извршување на партиски обврски во изборна кампања, како и за учество на припадници на МВР во вакви и слични инциденти е строго казниво со закон.