Во неколку наврати досега Ве информиравме, пишувавме за големата летна турнеја на мега популарниот Саша Ковачевиќ низ градовите во Македонија. На големо се зборува за празникот на девојките, неговата верна публика и деновите кога и каде тој настапува.
Првиот концерт популарниот Ковачевиќ ќе го одржи на 24-ти јуни во градот на конзулите, градот Битола на ракометното игралиште, вториот пак концерт на 1-ви јули во спортската сала “Јасмин” во Кавадарци. Третиот концерт Ковачевиќ ќе го одржи само еден ден потоа, односно, на 2-ри јули во спортската сала “Парк” во Струмица и четвртиот и последен концерт кој што ќе ја одбележи оваа летна турнеја ќе се одржи на 31-ви јули на Билјанините извори во Охрид. Овој последен концерт се најавува и како голем спектакуларен концерт за ова лето.
И додека женската популација се подготвува за концертите на омилениот Саша, девојки од Прилеп деновиве го преплавија градот со постери и промо материјали за неговото гостување, неговиот прв концерт кој ќе се одржи во Битола. За да не Ви раскажуваат останатите и потоа да ви биде жал и да се чувствувате тажно, не пропуштајте да бидете дел од одличните веќе најавени концерти и во опуштена и летна адмосфера да се забавувате со веќе познатите негови хитови.
Извор : Музика24