Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

НЕНСИ ПЕЛОСИ ПАДНА ПО СКАЛИ ВО ЛУКСЕМБУРГ, ВЕДНАШ Е ХОСПИТАЛИЗИРАНА

Ненси Пелоси, поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, е хоспитализирана во Луксембург откако се здобила со повреда, соопшти нејзина канцеларија денеска.

Пелоси (84) моментално е на лекување и со нетрпение очекува наскоро да се врати во САД, се додава во соопштението што го пренесува ДПА.

Засега не се соопштува за каква повреда се работи но според одредени медиуми се работи за пад по скали при што Пелоси се здобила со повредата.

Пелоси беше во Луксембург со конгресна делегација.

Демократката во моментов е конгресменка во Домот и сè уште се смета за една од највлијателните политичарки во нејзината партија.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ