Дали за градски татко ќе се натпреваруваат Златко Перински, Бобан Стефковски и Орце Георгиевски?
Да, бидејќи вечерва ИК на ВМРО-ДПМНЕ не ги соопшти кандидатите за градоначалници во општините Гази Баба и Кисела Вода, но за Скопје.
Златко Перински е министер за локална самоуправа, Орце Георгиевски е градначалник на општина Кисела Вода, а Бобан Стефковски е на општина Гази Баба.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на редовна седница заседаваше и утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.
Според сондажата и интерните анкети од страна на ВМРО-ДПМНЕ кандидатите кои што се предложени од ИК на партијата убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат.
Сите кандидати кои што се избрани го имаат поминато тестот на граѓаните, во изминатите 4 години, а тоа го потврдуваат и анкетите велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа ИК утврди и ги предложи следните кандидати:
1. Аеродром – Дејан Митески
2. Бутел – Дарко Костовски
3. Ѓорче Петров – Александар Стојкоски
4. Чучер Сандево – Зоран Бајовски
5. Штип – Иван Јорданов
6. Велес – Марко Колев
7. Свети Николе – Дејан Владев
8. Карбинци – Виктор Паунов
9. Градско – Киро Нацков
10. Кавадарци – Митко Јанчев
11. Гевгелија – Андон Сарамандов
12. Зелениково – Коста Маневски
13. Илинден – Александар Георгиевски
14. Конче – Златко Ристов
15. Делчево – Иван Гоцевски
16. Ново Село – Ѓорге Божинов
17. Василево – Славе Андонов
18. Босилово – Ристо Манчев
19. Берово – Петар Ружински
20. Петровец – Борче Митевски
21. Битола – Тони Коњановски
22. Охрид – Кирил Пецаков
23. Вевчани – Спасе Кочовски
24. Брвеница – Јовица Илиевски
25. Јегуновце – Димитар Костадиновски
Според владејачката партија сите кандидати предложени од страна на ИК на ВМРО-ДПМНЕ водат 4, а во некои општини 5:1.
Сите кандидати ги исполнуваат сите квалитети за градоначалник, се работи за чесни, одговорни, работни и експедитивни луѓе. Најголемиот дел од нив се веќе постоечки градоначалници, кои направиле вистинска трансформација во нивните општини, а другиот дел се луѓе кои имаат сила и знаење да го променат темпото на работа во општините кои до сега се водени од кадри на СДСМ, вели во изјава за медиумите Ѓорѓија Сајковски.
Сакам да нотирам дека се одвиваат и внатрепартиски избори за советници, преку Месните комитети и Општинските комитети, истовремено и граѓаните кои не се партиски определени слободно можат да се вклучат да даваат свои предлози за советници, изјави Сајкоски за медиумите.
Потребно е заедништво за да градиме државни цели. Ги повикуваме сите да се надминат себе си и да ја стават Македонија пред се, вели Сајковски.
Со кандидатите кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ од таму веруваат дека тоа може да се случи.
ИК предочи дека пред Македонија е во изборен период, во кој ќе се одлучува за тоа Македонија дали целосно ќе се стави на патот за трансформација. Заклучено е дека во сите општини преовладува желбата раст, развој, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека очекуваат победа секаде и велат дека ќе освојат огромен број на големи и помали општини.