Нема повредени при синоќешната експлозија во фабриката „Киро Дандаро“ во Битола

0
418

Експлозија проследена со пожар синоќа изби во 22 часот во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола. Од противпожарните екипи во Битола за ТВ ТЕРА потврдија дека интервенирале со една екипа, а со подетални информации ќе информираат во текот на денешниот ден.

Од полиција велат дека во пожарот нема повредени и настрадани лица, само е причинета материјална штета, а во клиничката болница во Битола велат дека нема пријавено лица кои што кај нив се пожалиле на евентуални повреди.

Силната експлозија ги вознемирила жителите на Битола кои се наоѓале во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“. Засега не е познато што експлодирало и дали тоа би предизвикало штети.