НЕМА НЕПОСРЕДНИ ДОКАЗИ ДЕКА ЕКСПЛОЗИЈАТА НА ГАСОВОДОТ ШТО ГИ ПОВРЗУВА ЛИТВАНИЈА Е РЕЗУЛТАТ НА НАПАД

0
510

Извршниот директор на „Амбер Грид”, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денеска соопшти дека нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е последица на напад.

– Според првичната проценка, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции, рече Бикнеус на прес-конференција.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

На снимката која ја објави литванската телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија. Огнот можеше да се види на растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ