Премиерот Димитат Ковачевски рече дека нема да се намалат функционерските плти. Тој објасни дека одредени плати се регулирани со закон, поради што се работи за комплексо решение.
„Кај дел од функционерите постојат законски одредби дека не може да се намалува платата. На пример, кај платите на судиите. Во овие делови од законите делот кај пратениците е регулиран со Законот за пратениците, а пратениците се над тие што ги избираат, а тоа е Владата, затоа велам дека се работи за комплексно решение. Тоа, на крајот на краиштата, треба да донесе правичност во плаќањето на трудот во согласност со одговорностите што секој ги има во државата.
Ние бевме во ситуација во која претседател на држава имаше помала плата од секретарка во Агенција за електронски комуникации, на пример. Сметам дека тоа е исто така дебаланс, кој треба да се адресира на соодветен начин“, рече премиерот Ковачевски. Во однос на најавените протести од страна на вработените во правосудството и во Фондот за здравство, Ковачевски вели дека тоа е нивно легитимно право да штрајкуваат.