НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА СО ШТО СЕ БРАНИ БОКИ ВО СУДНИЦА: СНИМКИТЕ СЕ НЕЛЕГАЛНО СТЕКНАТИ И НЕ ТРЕБА ДА СЕ ДОКАЗ?!?!

0
968

На денешното рочиште за случајот “Рекет” се прзентираат видео снимки, кои со камера ги снимил бизнисменот Орце Камчев, пишува Фокус.

На првата снимка се слушаа разговор меѓу Камчев, Јовановски и Ана Камчева.

Во неа се слуша како Боки 13 во детали ги објаснува чекорите како ќе постапи Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во врска со случајот „Империја“ во кој беше осомничен и Орце Камчев.

Бојан 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник најкасно веројатно.Врховен ќе ве ослободи.
Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А Апелација?!
Боки 13: Па Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно лице и советот се повикова автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го прудужува, да го удолговлекува, понеделник вторник вие сте на слобода.

По разговорот со реакција се јави Боки 13.

-Снимката не треба да биде земена како доказ, бидејќи водам приватен разговор и снимката е стекната незаконски. Исто така разговорот е нејасен и јас користам неточна правна терминиологија, реагираше Боки 13.