НЕКОЈ ТРЕБА ДА ОДИ ВО ЗАТВОР ЗА ОВA: Расте бројот на заболени од морбили- две деца се борат за живот!

0
360

На Клиниката за инфективни болести  примени се 6 новo заболени од морбили, а уште тројца се амбулантски  прегледани, со јасна клиничка слика на морбили. Две деца се во потешка
здравствена состојба и може ќе биде потребно да бидат ставени  на апарати за дишење, информираат од Клиниката.

Од Клиниката велат дека „ ова е бран на ново заболени, по што очекуваат бројката да се зголемува“.

Здравствената состојба на детето со церебрална парализа кое беше во потешка состојба, од Клиниката велат дека е значително подобрена. Исто така,  постабилна е состојбата и на 8 годишното девојче кое има астма а се заразило со морбили и варичела.

Во моментов, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби има вкупно 24 пациенти со морбили. За да се спречи ширењето на епидемијата на морбили во Скопје, во сите Универзитетски Клиники донесена е одлука за ограничување на посета на пациентите, односно да се забрани посета на пациенти кои лежат на клиниките се до крајот на траењето на епидемијата.

Министерството за здравство информира дека до денеска  вакцинирани се вкупно 4 345 деца со МРП вакцини.

На поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“  секој работен ден има дежурни лекари од 19.30 часот до 7.30 наутро, а за време на викендите работат 24 часа. Од Минстерството за здравство апелираат до сите родители, кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста – висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови.

Министерството за здравство  потсетува  и дека  уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата прогласена во Скопје.

Исто така од Министерството за здравство ги повикуваат и децата од  училишна возраст задолжително да се вакцинираат ако не се вакцинирани или примиле само една доза од вакцината МРП.

„Сите здравствени работници што од кои било причини не се вакцинирани или не се сигурни во својот вакцинален статус, да го направат тоа во најбрз можен рок. Напоменуваме сите превентивни мерки и препораки против ширењето на болеста да се сфатат сериозно и без отстапки“ пишува во соопштението од Министерството за здравство и наведуваат дека вакцините се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење.