Monday, April 28, 2025
10.8 C
Skopje

НЕКОЛКУ ДЕСЕТИЦИ ЗЕМЈИ БАРААТ ПРЕГОВОРИ ОКОЛУ УВОЗНИТЕ ТАРИФИ ШТО ГИ НАМЕТНА ТРАМП

Повеќе од 50 земји ја повикале Белата куќа да започне трговски преговори за увозните тарифи што неодамна ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска директорот на Националниот економски совет на САД, Кевин Хасет.

Тој негираше дека тарифите се дел од стратегијата на американскиот претседател Доналд Трамп да ги урива финансиските пазари за да изврши притисок врз американската централна банка да ги намали каматните стапки. Хасет истакна дека нема да има „политичка принуда“ на централната банка. Тој посочи дека не очекува голем удар за потрошувачите бидејќи, како што наведе, „извозниците најверојатно ќе ги намалат цените“.

Американскиот министер за финансии Скот Бесант претходно изјави за „НБЦ Њуз“ дека „нема причина“ да се предвидува рецесија врз основа на тарифите, наведувајќи го повисокиот  раст на работните места во САД од очекуваниот. Американските акции паднаа за околу 10 отсто во два дена откако Трамп го објави новиот глобален тарифен режим, за кој повеќето економисти и шефот на Федералните резерви на САД веруваат дека ризикува да ја поттикне инфлацијата и да му наштети на економскиот раст.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЛИПЧЕ: МАКЕДОНИЈА ГОДИНАВА ЌЕ БИДЕ СО НАЈНИЗОК ЕКОНОМСКИ РАСТ ВО РЕГИОНОТ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска беше во посета...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ