Saturday, May 24, 2025
11.8 C
Skopje

НЕКА СЕ ДРЖАТ ДО УСТАВОТ И НЕМА ДА ЗГРЕШАТ – ПОРАКА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ДО УСТАВНИТЕ СУДИИ ВО ВРСКА СО ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ

Нека се држат до Уставот и нема да згрешат – рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упатувајќи им порака на уставните судии при носењето на одлуката за Законот за употреба на јазиците. Претседателката рече дека не сака да влијае врз Уставниот суд, но им порача да се држат и да го бранат Уставот и да бидат храбри.

„Да се апстрахираат од политичарите кога ќе одлучуваат“,изјави Сиљановска-Давкова, одговарајќи новинарски прашања на денешната прес-конференција по отворањето на тркалезната маса на тема „Дали ни е потребен Закон за Уставен суд?”, денеска во Уставниот суд.

Уставниот суд на седницата одржана на 11 декември 2024 година одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Седницата беше закажана на 20 март, но се одложи поради трагедијата во Кочани.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ