НЕЗАДОВОЛЕН ЧЛЕН НА СДСМ ВО АРАЧИНОВО, СЕ ЛОГИРАЛ И ЈА ЗЛОУПОТРЕБИЛ ФЕЈСБУК СТРАНИЦАТА НА ОПШТИНСКАТА СО ШТО ГИ ПОВИКАЛ КАНДИДАТИТЕ ЗА ВОЈНИЦИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ПАРТИЈАТА, СДСМ И МО СЕ ОГРАДУВААТ ОД ОВОЈ СТАТУС

0
561

На социјалните мрежи се споделува повик од партискиот огранок на СДСМ Арачиново „кандидатите за нови членови на армијата да се пријават кај раководителот, односно оние што се членови на партијата да се пријават кај партиското раководство“.

-Почитувани сонародници, ги повикуваме сите кои се пријавија во огласот што го направи министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република Сверен Македонија, кандидатите да се пријават кај раководителот на огранокот Харацин или на членовите на ЛСДМ-Харацин е раководство на огранокот, се вели во повикот кој сега е веќе избришан од Фејсбук страницата.

На 14 септември Министерството за одбрана објави Јавен оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата.

СДСМ и Министерството за одбрана се огради од повикот кој се споделува на социјалните мрежи.