Thursday, May 15, 2025
15 C
Skopje

„НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ“ : БАРАМЕ ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ЗА ОБВИНУВАЊАТА ПРОТИВ ГЕОРГИЕВСКА ИНАКУ СЛЕДУВА ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА

Фото: Општина Карпош

Советничката група „Независни за Карпош“ од Општина Карпош испрати демант за обвинувањето за незаконско работење на советничката Невена Георгиевска.
Категорично го демантираме обвинувањето за незаконско и несовесно работење кон нашата советничка, Невена Георгиевска, изнесено во име на вработените на општина Карпош на денешната прес конференција. Бараме јавно извинување, во спротивно ќе поднесеме тужба за клевета.

Нашата советничка група не поднела ниту еден амандман на Буџетот на општина Карпош за 2024 година и се залагавме токму за спротивното, за надминување на проблемот помеѓу советничката група на ВМРО-ДПМНЕ (која поднесе скоро 4,000 амандмани на Буџетот, со цел за блокирање на Буџетот), градоначалникот и општинската администрација, само и само да може општината непречено да функционира, да се исплатат платите во целост на сите вработени во општинската администрација, училиштата и градинките, и да не се загрозат договорите на сите привремено вработени.

Секое решение од оваа немила ситуација, согласно законите и прописите, го поддржуваме, како и до сега.

Имено, вработените во општинската администрацијата денеска јавно го изразија своето незадоволство и стравот од последиците поради недонесувањето на Буџетот на Општина Карпош и за тоа ги обвинија советниците од ВМРО-ДПМНЕ, советничката Невена Георгиевска од „Независни за Карпош“ и претседателот на Советот, Бранко Ристов од Левица.

Тие посочија дека со ова се доведува во прашање целокупното функционирање на локалната самоуправа.

Вработените во Општина Карпош уплашени дека ќе останат без плати: ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Јакимовски манипулира со нив.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ