Thursday, December 12, 2024
5.8 C
Skopje

НЕДЕЛКОВСКИ : ТРГНЕТЕ ЈА ПОЛИТИКАТА ОД СПОРТОТ, ТРГНЕТЕ ГИ ВАЛКАНИТЕ РАЦЕ ОД ФК ВАРДАР

➡️ По вчерашната прес-конференција на навивачката група Комити Запад, каде што се обелоденија политичките притисоци и неискрени намери кон клубот од страна на владеачките структури, не ми останува ништо друго освен разочарување.

Либерално Демократска Партија ЛДП не се залагаше за “Спас на ФК Вардар” за подоцна да служи како предмет на личен интерес на поединци за кој говори фактот дека ФК Вардар има долг од три милиони евра.

Советникот проф. Д-р Nikola Panovski не се залагаше за “Спас на ФК Вардар” за подоцна Владимир Нелоски да ги условува навивачите кои имаат 15% од уделите во клубот со исказот, цитирам: Или Миленко во Вардар или клубот нема да постои!

Влатко Неделковски не го имплементираше целиот процес за политички влијанија и валкани раце да се мешаат во спортот.
Напротив, иницијатива за гордоста на градот и Македонија.

Многу пати до сега бев гласен за сите неправди во спортот. Онаа неправда кон македонската олимпијка Мила Рељиќ која барем за момент ни го врати достоинството како нација со бркање од сала во Гази Баба.
Одземање на термините за тренинг и натпревари на РК Металург.
Рушењето на ФК Скопје.

Тргнете ја политиката од спортот, за достоинство и гордост се работи!

Фејсбук статус на Влатко Неделковски.

ОВАА НЕДЕЛА

АРТАН ГРУБИ : СЕ ПОВЛЕКУВАМ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ, ЧИСТ СУМ КАКО СОЛЗА

Лична одлука во служба на општото добро вели Артан...

СТРАТЕШКИ РАЗГОВОРИ ПОМЕЃУ МИЦКОСКИ И ЛАЈЧАК

Остварив средба со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ...

АХМЕТИ НЕ ГО ДАВА ГРУБИ

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети не ја оспорува...

ТОШКОВСКИ : ЧЕТИРИ СТОЛБОВИ ЗА РЕФОРМА И КРЕИРАЊЕ НА СИСТЕМСКИ РЕШЕНИЈА ВО МВР

Министерот Панче Тошковски денеска присуствуваше на тркалезна маса „Реформи...

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР ВО МВР ПЕТРУШЕВСКИ НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА ОД КРАЛСТВОТО КАМБОЏА

Денеска (11.12.2024), во Министерството за внатрешни работи, се одржа...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ