Невнимателен возач на метларка ја искрши фонтаната од 2,5 милиони евра во Скопје, надлежните бвелат ќе се санираат штетите

0
348

Машина за чистење пропадна утрово на Плоштадот Македонија во Скопје. Како што кажуваат работниците за САКАМДАКАЖАМ.МК, машината одеднаш се превртела и огромна дупка се направила на плочникот. За среќа, нема повредени.

„Повикана е екипа на Министерството за внатрешни работи да изврши увид. Ова е резултат на неквалитетна изведба на плоштадот во времето на претходната власт во Градот. Не дај боже, може и граѓани да се повредат“, велат од Град Скопје.

После еден час возилото беше извадено од дупката каде се наоѓаат инсталациите за фонтаната. (Фото: СДК.МК)

После еден час машина беше извадена од дупката, а екипи на Градот го санираа плочникот под кој се наоѓаат инсталации за фонтаната.

Ова не е првпат возило да пропадне на Плоштадот. Во јуни 2017, пропадна камион додека се подготвуваше бината за пречек на ракометарите на Вардар по освоената титула европски прваци.

Извор : СДК.МК