НЕВИДЕН ХОРОР И СКАНДАЛ ГО ТРЕСАТ МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО : Околу 80 бебиња починале на Клиниката за гинекологија за 6 месеци, а само 20 во последните две недели

0
957

Повеќе од 80 новороденчиња починале на скопската Клиника за гинекологија за шест месеци, а само последните две недели починале околу 20 бебиња, што е алармантна бројка која ги исплашила и родителите и дел од вработените на клиниката.

„Фокус“ ексклузивно дознава и располага со документи, имиња и презимиња на дел од пациентките на клиниката чии бебиња починале во последните неколку месеци. Според нашите информации, последниот случај на починато бебе бил вчера кога мртвиот плод на мајката бил изваден со царски рез. Бебето било женско, тешко 3830 грама и долго 52 сантиметри. Исто така, новороденче починало на 13 јуни, 2016 година. Се работи за 25-годишна пациентка која родила машко бебе тешко 2800 грама, долго 50 сантиметри, работена царски рез на 10 јуни, а само после три дена новороденчето починало.

„Фокус“ располага и со документ во кој бројот на историја е 7659, а се работи за 35 годишна пациентка од Скопје, родена 1981 година, која исто така била оперирана царски рез. Според документите, бебето починало во мајката, па морало да се направи царски рез за да се извади мртвиот плод од мајката.

Нашата редакција располага и со имињата на пациентките, но и на лекарите кои извршиле породувањата, но засега само одлучивме да ја објавиме нивната возраст и датумите кога се случиле породувањата и кога починале новороденчињата. Како дел од причините за зголемената смртност на бебињата се наведуваат нестручноста на дел од лекарите, инфекциите, предвремените породувања.

Повеќе за оваа сторија може да прочитате ОВДЕ