НЕВЕРОЈАТНО, РАСИПНИШТВО ОД КОЕ БОЛИ ГЛАВА: Владините род шоуа чинат во просек по 500 000 евра!!!

0
830

Нетранспарентноста на трошењето на народните пари за време на режимот на Груевски достига до навистина невидени размери. Небаре се работи за лични пари на Грујо кои му ги дала мајка му Нада, па со години јавноста не може да дознае колку чинат владините род шоуа во странство каде Грујо со сурја министри асистенти и новинари оди по цел свет за да брка инвеститори. Исто така не се знае уште точно колку се даваат пари за субвенции на странските инвестиции, како и колку владата троши за јавни медиумски кампањи во Македонија, тие бројки се просто непознаница и сите се обидуваат да погодуваат како да се работи за некаков податок на некаква светска шоубиз звезда а не податок за трошење на народни пари.

Но, сепак, конечно успеавме да ископаме колку отрпилика чини едно род шоу на Груевски и неговите министри, за што ги искористивме податоците објавени од здружението на млади истражувачи при народна банка на Македонија кои правеле истражување за ефектот од странските инвестиции и трошоците за нив и ефектот на сето тоа врз домашната економија, па луѓето се мачеле и копале по буџетот ставка по ставка и дошле до некои бројки кои сепак не беа финални па ние моравме да ги доработиме со дигитрон и да дојдеме до неверојатната бројка од просечна цена за едно род шоу од фантастични 500 000 евра!

gruevskirusija_1

Имено, според ЗМАИ – Здружение на млади аналитичари и истражувачи бројките се следни:

– од 2009-та до 2014-та вкупно за род шоуа Македонија потрошила 55 милиони евра!!!

– во 2012-та и 2013-та имало најмногу посети, вкупно 58 за двете години, со најчеста дестинација САД.

nikola

Ако се искористат овие бројки, тогаш математикава е следна. Ако за 5 години се потрошиле вкупно 55 милиони евра, тоа значи дека годишно за род шоуа се трошат 11 милиони евра. Ако во 2012-та и 2013-та имало најмногу патувања, тоа значи дека во тие години се трошело над просекот, значи трошокот тие години би бил околу 15 милиони евра годишно. Ако за две години се направиле 58 посети, тогаш годишно тоа се 29 посети.

investmkd

Ако се поделат 15 милиони евра со 29 посети тогаш математиката вели дека една посета т.е едно род шоу во просек чини по околу 500 000 евра! Што е навистина една многу многу луда бројка!!!

stavreski-pozitivnite-iskustva-nosat-novi-amerikanski-investicii-192349

Ова значи дека ако во просек патувањата чинеле по пола милион евра, тоа значи дека некои од нив максимум чинеле и по еден милион или дури и повеќе милиони евра!!! Што по ѓаволите правеле Грујо и министрите за овие пари на овие патувања?!?! Дали се работи за дување на сметките и народна пљачка или се работи за чисто расипништво, забеганост и аздисаност, како што можевме впрочем и да дознаеме со снимката за мерцедесот од 600 000 евра, очигледно е дека Грујо има истенчен вкус за луксуз и раскош и тоа со народни пари!

400,223,true,mid5749447.news

Секако, најскап дел од овие патувања биле закупувањата на халите во хотелите и саемите каде се одржувале овие конференции за прикажување на македонските инвестициски предности и за контакти со странските инвеститори, но сепак овие бројки се толку големи што од нив боли глава.

gruevski-vo-dubai

Потоа трошокот би отпаднал на авионски карти, хотелско сместување, ручеци и вечери, рентање на лимузини и коли за превоз низ градовите каде се конференциите, коктел и кетеринг, но сепак со сето ова, бројките не би требало да се повеќе од 100 000 евра!

Една авионска повратна карта е максимум 3000 евра ако се лета за Австралија или Нов Зеланд кои се најдалечни дестинации, потоа една ноќ во ексклузивен хотел чини 500 евра, закупување на конференциска сала во хотел во светска метропола на неколку часа чини 10 000 евра. Значи ако во тимот се 20 луѓе со се министри асистенти бодигарди и новинари тогаш за авионски повратни карти треба да се плати 60 000 евра, за хотелски смештај за 3 дена колку што најдолго траат овие патувања треба да се плати 30 000 евра, за салата треба да се плати 10 000 евра, и за ручеcи и кетеринг уште 20 000 евра и плус рента кар 5000 евра значи вкупно се тоа околу 125 000 евра.

Овде зборуваме за најдолга дестинација со голема екипа од 20 луѓе и збориме за скапи хотели и скапа храна, и пак сметката е околу 125 000 евра, како стигнале овие до сума од милион евра колку што очигледно терале некои сметки за да просечната е 500 000 евра?!?!?!

За да набилдаат вакви вакви трошоци, овие дечки очигледно летале во бизнис класа, спиеле и јаделе во најскапи хотели, се луксузирале до смрт, рентале најкапи лимузини, пријавувале за трошок невидени забегувања, кој знае какви дневници делеле на своите асистенти, а како што рековме можно е овде и да се работи за дување на сметки и чиста кражба што секако новата власт ќе мора да ги провери сите овие сметки и трошоци!

Извор : Мактел