НЕВЕРОЈАТНО ВИДЕО – ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ТРЧА ВО СПРИНТ ДА СПАСИ ЧОВЕК КОЈ ПАДНАЛ КАКО ПОКОСЕН НА ПЛАЖА ВО ОХРИД

0
2636

Немил настан се случи доцна попладнево на охридското крајбрежје кога средовечен маж почина,. неофицијално како последица на срцев удар, јавува Охрид 1.com

Безживотното тело на човекот било извадено од водите, на плажата Метропол, а на снимката се гледа како на помош трча министерот за здравство Филипче, кој бил на 200 метри, на отворање на Европскиот маратон. Филипче некои 20-тина минути го реанимирал мажот кој имал 70-тина години, но за жал веќе било предоцна да се спаси човекот.