Monday, March 24, 2025
7.8 C
Skopje

НЕВЕРОЈАТНО: Аферата „Маџар телеком“ ќе ја решава истиот обвинител што го гонеше Богоевски во случајот “Агент“

7B47BEFF291FAC4EB12AAA1E1DF51B11

Повикувајќи се на непотврдени сознанија, Утрински весник пишува дека скандалот со „Маѓар телеком“, му е доделен на јавен обвинител кој пред две години, во рамки на акцијата наречена „Агент“, поведе кривична постапка против екс-разузнавачот Слободан Богоевски и уште неколку други лица, меѓу кои и двајца скопски адвокати.

Овој случај финишираше со правосилна судска пресуда, но она што е битно за предметот викан „Агент“ е тоа што во него се јавува Гркот Димитрис Кондоминас, кој е клучна фигура и во скандалот „Маѓар телеком“ во врска со давање мито на високи државни функционери.

Како одминува времето станува се поизвесно е дека скандалот со „Маѓар телеком“ ќе добива на интензитет и на динамика, пишува Утрински. 

Преткривичната постапка, која пред само неколку дена ја почна Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во која се уште нема ниту едно осомничено лице, само е потврда дека во скандалот со „Маѓар телеком“, сепак, имало облици на корупција од големи размери, но тоа во исто време не значи дека токму ова обвинителство ќе ја води натамошната постапка.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОПОВ НА РЕВИЈАЛЕН МЕЧ ВО ХЕРЕНВЕН ОДДАДЕ ПОЧИТ ЗА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И КОЧАНИ

Горан Попов играше на ревијален натпревар во чест на...

ВОДОПАДИТЕ НА НИЈАГАРА СО БОИТЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ОД ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ

Вечерва во 21:00 часот по средноевропско време, Нијагарините водопади...

ЗА УТРЕ И В ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ ЗАКАЖАНИ ТРИ СОБИРИ ЗА КОЧАНСКАТА ТРАГЕДИЈА

Студентски собир, студентски пленум и граѓански марш – во...

ТАРАВАРИ: СИТЕ ПАЦИЕНТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ БОЛНИЦИ СЕ ДО ДОБРА И СТАБИЛНА СОСТОЈБА

Се планира девет пациенти да бидат испишани на почетокот...

ПЕТ ПОВРЕДЕНИ ОД КОЧАНИ СЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА, ВЕЛИ ТАРАВАРИ

Подготвен е протокол според кој идната недела ќе бидат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ