НЕВЕРОЈАТЕН ПЛАН НА ВМРО ДПМНЕ ВО ОДНОС НА РЕФЕРЕНДУМОТ: Раководството на партијата ќе се подели на два табори, едните ќе прават митинзи против референдумот, другите ќе присуствуваат на митинзите со Заев, Хан и Могерини?!?!

0
1608

ВМРО ДПМНЕ имале навистина неверојатен план во врска со престојниот референдум за името кој ќе биде врзан и со прашање за влез во НАТО, значи ќе биде две во едно.

Дознаваме дека вмровците смислиле т.н брегзит тактика, т.е ќе го позајмат она што се случуваше во Велика Британија за време на референдумот за Брегзит.

Тогаш во Британија, десничарите се поделија на два табора, во едниот камп кој активно агитираше за останување во ЕУ беа тогашниот премиер Дејвид Камерон и пола влада, додека во другиот камп кој агитираше за излез од ЕУ беа сегашната премиерка Тереза Меј и сегашниот министер за надворешни и тогашен градоначалник на Лондон, Борис Џонсон.

Ова британските ториевци го направија со идеја дека што и да се случи, партијата ќе победи, по цена дел од партијата да бидат поразени, значи одеа на ВИН ВИН сценарио.

Така сега одлучиле да играат и во ВМРО ДПМНЕ. Тие сакале да ги задоволат и про-руските антички симпатизери и гласачи, но и про-американските и про-европски струи во партијата кои во моментов се потчинети, но ги има.

Најважно од се, ВМРО ДПМНЕ не сакало да биде запаметено во историјата како партијата која беше против влезот на земјата во ЕУ и НАТО, тоа дамка која ќе им остане за век и веков!

Дека ова сценарио е можно докажуваат и изјавите овие денови на Александар Николовски, Митко Јанчев и Петар Богојески.

Потпретседателот Николовски жестоко реагираше на изјавата на Лавров во која даде поддршка на договорот со Грција, со коментар дека тоа е доказ дека Русите никогаш не ни биле реална опција.

Вториот потпретседател и финансиер на партијата, Митко Јанчев запрашан во студиото на ТВ 24 рече дека ќе почека да го види договорот за да се изјасни како ќе гласа на референдумот.

Заменик ген секот и водач на реформистите, Петар Богојески во изјава за Дојче Веле изјави дека не треба народот да паничи, треба со трезвени глави, обединети да донесеме паметна одлука?!?!

Сето ова наведува дека во ВМРО ДПМНЕ плански ќе се расцепат по ова прашање со цел да ја спасат честа на партијата на долг рок, ем ќе останат патриоти, ем ќе останат про-европски и про-западно ориентирани.

ВИН ВИН за партијата, но за едни тоа ќе значи политичка смрт, најверојатно за про-руското крило предводено од верниот на Грујо, Мицковски!

Инаку доказ дека ова сценарио е сериозно, зборува и фактот што еден месец никаде го нема жив да се јави Влатко Ѓорчев, кој е зет на влијателен американски републиканец, изгледа нема да биде тешко да се погоди во кој табор ќе биде Влатче? Уште повеќе што последно негово појавување во јавност беше посетата на Стејт Департпментот во Вашингтон и средбата со заменикот на Хојт Ји, Вес Мичел!