НЕВЕРОЈАТЕН ГАФ НА МИЦКОВСКИ: НЕСАКАЈЌИ ОТКРИ ДЕКА ОЧЕКУВА ПОРАЗ ВО СКОПЈЕ!

0
538

На ТВ дуелот на Канал 5, откако Христијан Мицкоски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победеле на локалните избори 2021, доби потпрашање од новинарот што биде репер за успех – „дали бројот на градоначалници, победникот во Скопје, или вкупно на советнички листи“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори: „Видете, математичките калкулации да ги оставиме на страна, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои поголем број градоначалници од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои повеќе гласови и на советнички листи, ВМРО-ДПМНЕ ќе биде онаа политичка партија, и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ – која што ќе биде победник на овие избори“.

За разлика од Христијан Мицкоски, кој воопшто не спомна дека неговата коалиција ќе победи во Скопје, иако беше прашан за победникот во Скопје, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави: „Ние ќе победиме и на градоначалничките места во вкупен број, ќе победиме и во вкупен број на советнички места во државата, и во вкупен број на гласови во државата, и ќе го победиме градот Скопје.“

Дали Христијан Мицкоски не го спомна Скопје затоа што ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема свој кандидат, или пак ги видел последните резултати од анкетите за Скопје кои констатираат голема предност на градоначалникот Петре Шилегов, во однос на „независната“ кандидатка Данела Арсовска, поддржана од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ-АА-Алтернатива?