НДП: Ова е вистинското лице на ДУИ и нејзиниот лидер, длабоко навлезени во корупција и криминал

0
535

Соопштение на НДП:

„На Албанците им било јасно одамно за вистинското лице на ДУИ и нејзиниот лидер и неговите функционери, но сега веруваме дека и другите го видоа вистинското и реално лице на лажните патриоти, кои во јавност пред народот се продаваат како патриоти а во природниот свет се „по каур од каурите“.

nnn

Преку денешната прес конференција од страна на лидерот на опозицијата се виде многу јасно вистинското лице на ДУИ и нејзиниот лидер. Овој лидер на неколку наврати изјавуваше: “Во ДУИ нема само “ангели”, односно се претпоставува дека има “сатана”, тогаш бараме јавно од лидерот на оваа партија да се изјасни за тоа кој во неговата партија е “ангел” а кој “сатана”. Токму овој лидер кој цело време изјавуваше: “нека објави се лидерот на опозицијата се, дури и приватните разговори”, сега да го видиме кој ке биде неговиот изговор.

Истовремено, оваа прес конференција на лидерот на опозицијата е голем аргумент дека ДУИ е длабоко навлезена во корупција и криминал, и заради ова, досегашните аргументи дека нема матријали за ова мафииашка партија, повеќе не стои.

НДП бара од лидерот на опозицијата да ги објави сите снимки за секој политичар, бидејќи само на тој начин може да се надеваме за добар почеток на оваа држава.