НДП: Оваа диктаторска власт треба да оди во историја!!

0
450

ndp-rufi-1-640x320

Национална демократска преродба, по вчерашното обелоденување дека се прислушкувани 20.000 граѓани, меѓу кои и Руфи Османи, излезе со соопштение.

Еве го ставот на партијата за прислушкувањето:

НДП во континуитет изјавува дека ова власт е една од најкриминалните власти што ги познава историјата на ова држава. Оваа констатација на НДП денеска се потврди уште еднаш со прес-конференцијата на лидерот на македонската опозиција. Фактот дека ова власт има прислушкувано на незаконски и криминален начин повеќе од 20.000 граѓани на ова држава говори за невидено лудило во светската историја. Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш на виделина излегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата кои се прислушкувани, што подразбира лудило што само ова власт може да направи.

Пандорината кутија се отвори, враќање назад нема. Дојдено е време да се исчисти целата историја на сите јавни личности за сите овие 24 години на плурализмот во државата. Само со објавувањето на целата вистина ќе може еднаш засекогаш да се исчисти минатото на секој што бил на власт со конкретна одговорност, и да се отвори процесот на зајакнување на демократијата, слободата и цивилното право и да се врати довербата во институциите на државата. Оваа апокалиптична ситуација уште еднаш го потврдува конзистентниот ставот на НДП од првите денови на објавување на овие бомби, дека мора да се формира едно специјално судско тело, како во Косово, кое ќе биде под силен перманентен надзор на судски компетентни претставници на ЕУ и САД, судство што ќе ги гони кривично, нарачателите и егзекуторите на овој информативен масакар кој е голем удар врз демократијата и слободите на човекови права.

Кога веќе пандоровата кутија е отворена, НДП од страна на македонската опозиција очекува сите тие што ги имат прекршено законите и Уставот, да бидат објавени, исто како и големите скандали на институционалната корупција поврзани со тендери од стотина милиони евра, да ги објават јавно информациите за Бродец, Смилковци, ликвидацијата на Харун Алиу и многу други криминални дела, како и масовното крадење на изборите што коалицијата ВМРО-ДУИ ја има правено на многу изборни циклуси.

НДП не е зачудена со фактот дека и поранешниот лидер на НДП, Руфи Османи е прислушуван од актуелната власт. Руфи Османи е прислушкуван од 1981 до ден денеска, и неговото прислушкување и на неговата фамилија не прекина дури ни во времето кога беше во затворот во Идризово, од 1997-1999.

Оној што ја објави информацијата има морална одговорност да ја информира пошироката јавност со чија наредба е прислушкуван Руфи Османи ,имајќи го во предвид фактот дека излегувањето на НДП на политичката сцена беше реална закана за ДУИ и за ДПА.

НДП очекува дека оној што ја објави информацијатаќе има објективен пристап. Дека нема да ги амнистира во ниту еден случај виновниците за овие криминални дела што се дел на ДУИ и ДПА, како два сателита на ВМРО-ДПМНЕ од 2002 до ден денеска, бидејќи декриминализација на политичката сцена треба да биде целосна и без исклучоци.