НА 86 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ ФУДБАЛЕР И ЛЕГЕНДА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД СЕР БОБИ ЧАРЛТОН

0
494

Легендарниот англиски фудбалер Сер Боби Чарлтон почина на 86-годишна возраст.

Чарлтон беше клучна фигура во освојувањето на единствената титула светски шампион во 1966 година, но и во создавањето на големиот Манчестер јунајтед.

„Сер Боби почина мирно во раните утрински часови во саботата“, соопшти неговото семејство.

Тој постигна 249 гола на 758 натпревари, го освои Купот на европските шампиони во 1968 година, како и три титули во англиската лига.

За Англија одигра 106 натпревари, постигна 49 гола и го држеше рекордот од 1970 до 2015 година.

По завршувањето на кариерата, тој беше функционер на Јунајтед 39 години, а неговото наследство ќе продолжи да живее преку фондацијата што го носи неговото име.