Friday, June 20, 2025
19.8 C
Skopje

НА 21 МАЈ ЌЕ СЕ ИЗБИРА НОВ ГУВЕРНЕР, НИТУ ЕДЕН КАНДИДАТ НЕ Е АЛБАНЕЦ, РЕАГИРААТ ОД ДУИ

Ниту Владата, ниту претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води ни малку грижа за пристојно учество на Албанците во општествените текови. На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народна банка на Македонија, а никој веќе не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец.

Сите се однесуваат како оваа функција да е резервирана за етничките Македонци и како да е тоа однапред завршена работа.Во моментов, во потесниот круг за избор влезени се четворица кандидати, од кои не само што ниту еден не е Албанец, туку овој потесен круг на ниту еден начин не го изразува мултиетничкиот карактер на државата, велат од политичката партија ДУИ.

– Без разлика што за изборот постои јасна уставна и законска процедура, која минува низ филтерот на претседателката, а потоа и собранискиот филтер, политичките претставници на Албанците во рамките на парламентарното мнозинство требаше да обезбедат барем учество во потесниот избор на еден од врвните економски експерти – Албанци кои ги има оваа земја – се вели во соопштението.

ДУИ велат дека „останува горчливиот вкус за Албанците, наметнат од премиерот, кој, како што велат, прво во концентрични кругови создал чисти етнички средини околу себе.

– Прво почнувајќи од својот Кабинет, потоа најблискиот круг соработници со кои оди во официјални посети, сега еве треба на јавна сцена да се демонстрира дека за позицијата гувернер Албанците едноставна немаат ниту претставник кој би можел да влезе во потесниот круг за избор. Република Северна Македонија е држава на сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка, или каква било друга припадност. И според Уставот, обврска на државата е да се грижи за правилна дистрибуција и учество во општествените текови на сите етнички заедници – порачаа од партијата.  

ДУИ ја повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на своите можности, да покаже поголема лојалност кон Уставните одредби, наспроти барањата кои ѝ ги испорачуваат од Владата.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО МАСОВЕН ВОЗДУШЕН НАПАД СОСТАВЕН ОД 60 АВИОНИ, ИЗРАЕЛ ГО УБИ НОВИОТ НАЧАЛНИК НА ГЕНЕРАЛШТАБОТ ВО ИРАН

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз...

НИКОГАШ НЕ СМЕ СТАВИЛЕ ВЕТО, РЕЧЕ РАДЕВ ПРЕД СИЉАНОВСКА ДАВКОВА: „БУГАРИЈА НЕ ВЕ БЛОКИРА“

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија никогаш не...

ЕСКАЛИРА СУДИРОТ МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: РЕКЕТИРАНА БОЛНИЦА И ЗАСИЛЕНИ ТЕНЗИИ

Најмалку 89 лица се повредени откако иранска ракета ја...

ЗАХАРОВА: КОСОВО Е ДЕТЕ НА ЗАПАДОТ И ПЛОД НА АГРСИЈАТА НА НАТО

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова,...

ДАЛИ ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО БЛОКИРА ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ?

Израел денес ги бомбардираше иранските нуклеарни постројки, а иранските...

ИРАН ГИ БЕЛЕЖИ КАДЕ СЕ НАОЃААТ СИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАЗИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК

Со повеќе од 40.000 американски војници распоредени низ Блискиот...

ДОДИК: ДОДЕКА ЈАС ЈА ВОДАМ РЕПУБЛИКА СРПСКА, НИЕ НЕМА ДА БИДЕМЕ ПАРКИНГ ЗА МИГРАНТИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека Република...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ