НА 18 ЛОКАЦИИ ВО ТИКВЕШКИОТ РЕГИОН ЗАПОЧНА ПОСТАВУВАЊЕТО НА МЕРНИ СТАНИЦИ ЗА СМАРТ ЗЕМЈОДЕЛСТВО

0
535

Земјоделските производители ќе добиваат податоци од електронскиот мониторинг за атмосферските влијанија врз земјоделските површини, а со тоа можност за точно утврден период на потребата од заштита. Денеска помеѓу „Еуроникел“ и „Југокомерц“ беше поставена првата ваква станица.
Градоначалникот Митко Јанчев изјави дека вкупната вредност на проектот изнесува 10 милиони денари.