
Лекувањето и советувањето се индивидуални или во пар и се пристапува повеќедимензионално, со оглед на тоа дека врз сексуалноста имаат влијание телесни и психолошки фактори, како и социјални. Затоа е потребен медицински пристап до поставување дијагноза и препишување лекови, каде што истовремено е вклучен и психотерапискиот третман со едукација, подобрување на комуникацијата на парот, како и вежби од когнитивно-бихејвиорална терапија, зависно од дисфункцијата. По потреба се вклучуваат и доктори од други специјалности – гинеколог, уролог, ендокринолог и психијатар. Во амбулантата се загарантирани доверливост и дискреција со високи етички стандарди.