Tuesday, January 21, 2025
3.8 C
Skopje

НА ЃАВАТО И НА БУКОВО НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ ПОРАДИ МАГЛА, ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ

Возачите да бидат внимателни поради магла и намалена видливост  од 80 – 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 50 метри на планинскиот превој Буково, соопшти АМСМ. Оттаму потсетуваат дека сообраќајот во близина на Башино Село, кај мостот, од трети јануари е во целосен прекин.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАМП ГИ ПОМИЛУВА 1600-ТЕ НАПАЃАЧИ НА КОНГРЕСОТ

Новиот американски претседател Доналд Трамп го потпиша првиот сет...

МИЦКОСКИ ВО ВАШИНГТОН Н СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА „МАКЕДОНИЈА 2025“

Премиерот Христијан Мицкоски, кој е во посета на САД,...

ИЛИЕВСКИ : ЗАБЕГАНА Е НАЈАВАТА НА ВЛАСТА ЗА КУПУВАЊЕ НОВ АВИОН

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Скандалозна...

ИЛИЕВСКИ : СКАНДАЛ ВО СОЗР, РОДНИНИ НА ТОМОВСКИ ДЕЛ ОД ТЕНДЕР ВРЕДЕН 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА

Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, почитувани медиуми, На...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ