Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

На чиј грб живее власта

kire-naumov1

Во десетте години владеење на Груевски, тој одобрил, а неговиот кум потпишал како да се распределат и да се потрошат 1,8 билиони денари или околу 30 милијарди евра, пари собрани од граѓаните на Македонија. Околу 15 отсто или најмалку 4 милијарди евра директно или индиректно завршиле преку коруптивните канали на власта на сметките на фамилијата, олигархијата блиска до власта, газдите на режимските медиуми, а еден помал дел во џебовите на режимската фукара, која катадневно јавно по медиумите се самопонижува за да го брани ликот и делото на Никола Груевски.

Идната власт доколку сака да ја преживее барем првата година од својот мандат, ќе мора во првите шест месеци да открие и правно да процесуира голем дел од овие средства. Покрај тоа, таа ќе мора да воспостави беспрекорен систем на цивилна контрола на трошењето на секој еден денар од буџетските средства, како гарант дека ова никогаш во иднина нема да се повтори. За да се оствари сето тоа, неопходен е константен притисок од сите граѓани. Граѓаните мора да разберат дека сите оние силни милиони со кои така лесно Груевски се расфрла велејќи дека дал ваму или таму, на овој или на оној, се пари кои се нивни – во буквална смисла на зборот. Оваа власт свесно ја има запрено секоја дебата за економски теми. Груевски и компанија свесно, преку своите медиуми со чии газди заедно трупаат огромни богатства, сеат халуцинации дека Груевски е тој кој најверојатно од парите што му ги оставиле мајка му и татко му дели по државава плати, пензии, субвенции и реализира идеи на „лудаци“, како што вели неговиот кум. Вистината е сосема подруга.

Целата колумна ОВДЕ

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ