НА ЧЕЛО НА УСТАВЕН ПОСТАВЕНА АКАДЕМСКИ ПОТКОВАНА ЦЕПЕНИЦА : Никола Ивановски: од битолски студент со индекс полн шестки до претседател на Уставен

0
826

Никола Ивановски е нов Претседател на Уставниот суд, кој во наредниот период ќе го предводи највисокиот суд во земјава. Избран е на вчерашната седница на Уставен, откако за него гласале 2/3 од судиите на судот. И, се ќе беше в ред, ако порталот СВЕДОК, уште во февруари оваа година (пред 8 месеци) не објавеше дека Ивановски ќе биде нов претседтел на Судот само доколку успешно ги протурка предметите за изборните помилувања.

Во тој период, многумина, па дури и судии на самиот суд не веруваа во нашата прогноза, но, како и многу пати до сега, се покажа дека не само што е точна прогнозата, туку таа се остваруваше токму по сценариото за кое пишувавме уште тогаш (во прилог е текстот од февруари за потсетување), пишува порталот:

Вчерашната седница на Уставниот суд, (од која, како што информираат „странски служби“ бидејќи била затворена за јавност) покажа дека владејачкото мнозинство е слепо послушно на партиските наредби, од кои нема отстапување, нема разговор ниту спротивставување на концепти, идеи, аргументи, туку, се се сведува на кревање рака и одлуката се носи со аргументите на силата.

Вчера, ова изгледа не го знаел само уставниот судија Сали Мурати, кој се обидел да им одржи лекција по принципот на кампањата „Отвори го срцете“ и покажете дека судот може да го води и судија од редот на заедниците, поточно тој, кој доаѓа од редот на Турците.

На ваков начин, како што елаборирал Мурати, ќе се покаже дека судиите се еднакви меѓу себе, се почитуваат, ги почитуваат различностите (не само национални, туку и различноста во аргументите), но кога видел дека нема клима судот да го води некој кој не припаѓа на владејачкото мнозинство, се повлекол од трката и за претседтел останал единствено Никола Ивановски.

Бил избран и во наредните три години ќе го води судот.

Ивановски, барем во овие 25 години функција на Уставниот суд, со неговата досегашна претходничка Елена Гошева (пензионирана обвинителка), ќе останат запаметени како најслаби претседтели или ако сакаме да вулгаризираме „падобранци“ во уставниот суд, кои ги добија функциите благодарејќи на партиските релации, а зад себе да немаат ниту ден искуство кое може да се врзе со уставно судската материја или пракса, ниту пак академски титули или стручни дела, кои ќе ги сместат во истакнати правници, чиј збор, преку одлуките ќе има сериозна тежина.

Никола Ивановски, за оние кои подолго паметат, беше судија во Кривичниот суд во Скопје, завршил Правен факултет во Битола, со индекс полн со 6-ки, и сигурно ни сам не верувал дека со „протрчан факултет“ и добиени 6-ки ќе стане прв човек на највисокиот суд во земјата, утврден во Уставот и кој треба да ги штити правата и интересите на граѓаните и да ја оценува уставноста и законитоста на актите што се носат во државата.

Уверението, кое Ивановскји го даде во Собранието на Република Македонија кога конкурираше за чен на Советот на обвинители изобилуваше со шестки добиени во Битола, а ако протрчавте низ него, може и ќе налетавте на некоја седмица. Вакви оценки имаше и за групата кривични предмети кои му биле во работа како основен судија.

Но, нивната улога со Елена Гошева како чувари на партиските интереси откако им заврши мандатот во Советот на обвинители, продолжи во Уставен. Ќе останат запаметени како неелокветни говорници, без правна мисла, без ниту ден работа на уставна материја. Овие претседтели, би било грев да се споредуваат, со на пример професорите Милан Нетков, Тодор Џунов или Јован Проевски кои беа на чело на судот и чиј збор, преточен во одлука беше мелем за душа кога се читаа одлуките, независно дали правниот став соодветсвувал со размислувањата на читателот.

Изјавите на Ивановски дека ќе работеле самостојно и независно, не вреди ни да се коментираат. Тој ќе остане запаметен помеѓу неговите колеги како човек кој повеќе се грижи за бизнисите (на брат му или други членови на фамилијата сеедно) отколку за функциите на кои бил.