На Црни Грујо му требале ДЕБЕЛИ ВРСКИ за неговата пропала актерска кариера: Бил статист со ургенција од вујко му Јордан Мијалков

0
1327

Никола Груевски актерската кариера ја започнал во 90-тите, благодарние на Благоја Чоревски. Тој како тогашен директор на Драмски театар му дал шанса на еден од највлијателните политичари во Македонија. Сепак за да застане на даските кои живот значат била потребна ургенција. Го убедувал неговиот вујко Јордан Мијалков да го стави во претавата „Грев или Шприцер“.

Во емисијата Ноќен Експрес на Канал 77, Благоја Чоревски се сеќава на моментот како му нашол место на Груевски тетарска престава.

-Тоа повеќе беше на молба на неговиот вујко. „Земи го бе Чоре, земи го“ ми викаше. Но, не е само да го земеш, треба и да носи нешто. Во таа улога што беше, на масите, беше добар, природен беше – се потсети тогашниот директор на Драмски театар, Благоја Чоревски.

Овој искусен актер критички се осврнува на кариерата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ дали подобар е како боксер, актер или политичар. Смета дека не можел да успее во глумата, но и дека актерското искуство не му помага во политиката.

-Затоа што глумата е еден процес, којшто настанува со од Бога дарба. Може само лош глумец да биде – изјави Чоревски, кој на прашањето каква улога сега би му дал на Груевски, беше јасен:

– Сигурно таа истата улога што ја изграше и тогаш во „Грев и Шприцер“ – главна сигурно нема да добие.

Од аспект на театарски работник, на Чоревски во добар спомен му остануваат одлуки зад кои стои Груевски и дека театрските работници виделе некое фајде

– Изгради театри, гради се’ уште. И нашиот Драмски ќе го изгради. А ќе ви кажам една голема вистина што малку ја знаат. Груевски ни ги покачи платите кога јас како првенец или доајен на Драмски театар имав 18.700 денари плата, за 60 отсто ни ги качи платите – рече Благоја Чоревски во емисијата Ноќен Експрес.