Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

НА ТОКСИКОЛОГИЈА ЗАВРШИЈА 18 ЗАТРУЕНИ ОД АЛКОХОЛ, ОД ПЕТАРДИ ТЕШКО ПОВРЕДЕНО 13-ГОДИШНО ДЕТЕ

Во новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот од нив има 14 години. Тринаесет годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.

Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно, со помал обем на работа.

– На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично мирно. Прегледани се вкупно 21 пациент, од кои 18 имаа акутни труења со алкохол. Од тие 18 лица, 4 се женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна има 17 години, а најстарата 26, додека кај машките најмладиот има 14, а најстариот 38 гдини. Вообичаено, како и секоја година, имаме помалку пациенти од претходната година – изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Еден од пациентите измешал алкохол и таблети.

Акутното труење е индивидуално и, како што појасни Чибишев, може да се случи и со две чаши алкохол.

– Труењата со алкохол на возраст до 25 години се животозагрозувачи состојби и треба многу да се внимава. Тоа е едниот проблем, а другиот е што има пациенти што тоа го зачинуват со медикаменти, што е уште поопасна состојба која може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето. За среќа, ниту еден пациент не задржан после примената терапија и сите се пуштени на домашно лекување со совет како да се однесуваат во наредните денови – изјави Чибишев.

И дежурството на новогодишната ноќ во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, според директорт Небојша Настов, поминало мирно, со вообичаен број на итни пациенти како во нормалните денови.

Вкупно се прегледани 81 пациент, 5 како последица на сообраќајни несреќи, а тројца заради од физички пресметки. Извршени се три оперативни интервенции.

– За среќа, во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во периодот пред празниците. Во последниот месец имаше 50-ина претежно малолетници, на возраст од 12 до 17 години. За жал најверојатно се користат се поголеми петарди со поголемо барутно полнење и оставаат трајно оштетување кај децата – рече Настов.

На ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и на Ортопедија, како што информираше доктор Игор Мерџановски, имало помалку работа за 30 проценти во споредба со претходните години.

– Направени се 35 прегледи, од кои кај 9 лица од сообраќајки со лесни телесни повреди и тие пациенти се пуштени на домашно лекување. Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13-годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката. Примен е и еден странски државјанин во алкохолизирана состојба, со повреда на ноост и главата, згрижен е и пуштен е на домашно лекување – изјави Мерџановски.

Извор : Вечер.МК

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН, КАМИЛ КАСИЈЕВ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ