Владејачката коалиција Вреди преку соопштение изнесе шокантни детали дека ДУИ и поранениот државен врв на тајна средба во Вила Водно во март годинава договарале да го вратат осудениот експремиер Никола Груевски од Будимпешта или со помилување од претседателот Пендаровски или преку нивни луѓе во судовите.
На тајна средба во Вила Водно во март кај поранешниот претседател Стево Пендаровски, поранешниот премиер Димитар Ковачевски, заедно со Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и Бојан Маричиќ договарале како да го вратат осудениот и избеган експремиер Никола Груевски од Унгарија во Македонија, обвинува владејачката коалиција Вреди. Тајната средба ја снимил вработен во администрацијата и му ја предал на Блерим Беџети од ДУИ, додава коалицијата.
„Опиена од 20 години власт и заслепена од арогантното однесување, ДУИ го избра молкот пред вистината. Јавноста деновиве дозна шокантни детали за тоа како оваа партија преку свои експоненти, како во холивудско филмско сценарио, го оркестрирала сензационалното враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Скопје. Во месецот на албанските празници, кога треба да го славиме нашето единство и достигнувањата, избива скандал кој покажува дека оваа партија, која се нарекува албанска партија, тивко работела за враќање на теророт на државата и на Албанците – Груевски“, соопшти Вреди. Овој план не успеа, се додава, но мрачните намери на ДУИ не треба да останат прикриени.
„Во шокантните детали за операцијата за враќање на поранешниот премиер Никола Груевски во Северна Македонија, вмешани се група шверцери, предводени од претседателот на партијата Али Груевски Ахмети, поранешниот вицепремиер Артан Казиномани Груби и поранешниот министер за надворешни работи Бујар Пациентот. Османи, кој додека беше министер се сретна со Груевски во Будимпешта. Во Вила Водно имаше средба за враќање на Груевски. На оваа средба, што се одржа во март, учествуваа Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски, Али Ахмети, Бојан Маричиќ, Артан Груби, Бујар Османи“, обвини Вреди. Според коалицијата, Ахмети на состанокот рекол дека има два начина да се врати Гревски.
„Али, кој има толкава носталгија за Никола Груевски, кој толку многу им нанел зло на Албанците, нагласи дека овој може да се врати на два начина, преку помилување од претседателот и преку „нашите луѓе“ во судовите. Сепак, ова беше најпозитивниот дел од средбата, која ја сними вработен во администрацијата. Тој успеа да го сними разговорот на телефон од кабината на преведувачот, а на крајот снимката му ја предаде на Блерим Ќосето Беџети“, открива Вреди. Ахмети и ДУИ, се додава во соопштението, за да го спроведат својот план за ослободување на Груевски, вршеа силен притисок врз Врховниот суд.
„Но, тука наидоа на неволност на претседателката на овој суд, Беса Адеми, против која подоцна беше покрената иницијатива за разрешување, како резултат на неслушање на наредбите. Потсетуваме дека тогаш холандскиот амбасадор го посети Али Груевски во Мала Речица, каде го предупредил дека тој и неговата партија треба да се откажат од судовите и да престанат со притисоците. Потсетуваме и дека измените на Кривичниот законик што ги спроведе ДУИ беа донесени за да се активира од Будимпешта“, се вели во соопштението.
Вреди јавно ги прашува ДУИ и Ахмети зошто ја имаат „сета оваа носталгија за Никола“.
„Што ве спојува? Бевте ли уценети од Блерим Ќосето Беџети, кој ја сними тајната средба во Вила Водно, да ги вратите на сцената заедно со Муса Џафери, поставајќи како носители на листа за пратеници? Ваквиот пристап на Али Груевски кон Никола и покрај неговата антиалбанска политика нè натера да заклучиме дека е лесно да се врати Груевски и да се амнестира, затоа што неговите дела веројатно не се само негови, туку во соработка со злото на Албанците ДУИ. Вреди работи, Вреди демаскира, Вреди е надеж за светла иднина!“, соопшти владејачката коалиција Вреди.