Thursday, July 17, 2025
25.8 C
Skopje

НА СРЕДБА СО ШОЛЦ ВО БЕРЛИН ФИЛИПЧЕ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ ЗА ПОДДРШКАТА ОД ГЕРМАНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска во Берлин, во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), се сретна со поранешниот германски канцелар Олаф Шолц.
Во името на СДСМ и на сите наши граѓани, Филипче изрази искрена благодарност за силната и принципиелна поддршка која Германија, под водство на Шолц, ѝ ја даваше на Македонија во процесот на европска интеграција, но и за континуираната поддршка од Владата и од СПД – сестринската партија на СДСМ за заштита на македонскиот идентитет.
„Благодарни сме за поддршката, особено за резолуцијата на германскиот Бундестаг во 2023 година, со која испративте силна порака и поддршка за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Тоа беше резултат на државничката политика на СДСМ и соработката со германските социјалдемократи. Погрешните политики на актуелната власт во изминатата година ги загрозија сите овие успеси“, истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ рече дека е уверен дека поддршка од германската СПД ќе продолжи и понатаму, а од Берлин упати и јасна порака дека СДСМ ќе остане да ги брани државните и националните интереси.
„Не смее да се дозволи било какви додавки за македонскиот јазик во Извештајот на Европскиот парламент. Јазикот и и идентитетот не биле и не смеат да бидат предмет на додавки. Во сите документи на Европската унија македонскиот јазик е јасно потврден„ рече Филипче.
СДСМ останува цврсто посветен на европската иднина на државата и на стратешките партнерства што ја зајакнуваат македонската позиција на меѓународната сцена.

ОВАА НЕДЕЛА

КАКО ДА ВНЕСЕТЕ ПОВЕЌЕ МАГНЕЗИУМ ВО ВАШАТА ИСХРАНА?

Магнезиумот е еден од клучните минерали за здравјето, но...

ПОЖАР ЈА ЗАФАТИ ГЛАВНАТА СЦЕНА НА ФЕСТИВАЛОТ TOMORROWLAND

Еден од најпознатите музичкифестивали во светот, белгискиот „Tomorrowland“, треба...

РУБИО: ЗАВОЈУВАНИТЕ СТРАНИ ВО СИРИЈА СЕ СОГЛАСИЈА ДА ПРЕЗЕМАТ ЧЕКОРИ ЗА ПРЕКИН НА БОРБИТЕ

Завојуваните страни во Сирија се согласија за конкретни чекори...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ