На режимот нешто не му се допаѓа: Обвинителството нареди да се направат нови анализи за смртта на Коста Крпач

0
544

Основното јавно обвинителство (ОЈО) и покрај завршената обдукција на телото на Коста Крпач, доцна синоќа издало наредба за нови дополнителни анализи, пренесе „24 Вести“.

„ОЈО изврши координација и консултација со Институтот за судска медицина и крим-техниката и даде наредба за вршење нови анализи, за подобро расветлување на случајот“, велат од Обвинителството за „24 Вести“.

Доцна синоќа се огласи и Кривичниот суд, кој прво објави едно соопштение во кое пишува дека во април, Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побарало претрес во домот на осомничениот К.К, а кратко време подоцна објави ново соопштение во кое беше избришан зборот „осомничен“.

Денеска од судот велат дека се работело за техничка грешка во првото соопштение.

Коста Крпач денеска беше погребан на градските гробишта во Бутел.