НА ПРАШАЊЕ ОД ГРЧКА НОВИНАРКА ШТО ПЛАНИРА ВО ИДНИНА, ЗАЕВ ОДГОВОРИ: Планирам да му се качам на глава на Макрон, 10 пати ќе му идам на посета се додека не дозволи старт на преговори со ЕУ!

0
1005

Посетата на папата Фрањо за мене беше големо охрабрување да бидеме фокусирани на секојдневните проблеми на граѓаните, на солидарноста и на заедништвото, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали историската прва посета на папата на земјава значи и поддршка за евроинтеграциите. По официјаната средба, на прес-конференцијата во медија центарот во Домот на АРМ, Заев рече дека посетатата на папата е голема мотивација да продолжи понатаму и оти се надева дека по 14 години пред вратите на ЕУ земјава ќе добие датум за преговори за членство.

„Ако треба и 10 пати ќе одам на средби со Макрон, Руте и канцеларката Меркел, тоа го правеа моите колеги Ципрас и Борисов. Евроинтеграциите се нашата втора цел, првата – приемот во НАТО – веќе е остварена со ратификацијата од 12 земји членки. 14 години се предолго време да се чека пред вратите на ЕУ. Постојано ги потврдуваме вредностите на Европската унија, а тоа го докажавме со посетата на папата и претходно со изборите“, рече Заев.

Според премиерот, оваа прва историска посета на папата Фрањо е огромно признание за земјата која има долги години соработка, „кои не се резултат на митологија туку дека сме признаени уште од времето на папата Адријан Втори кога ги осветил светите книги на сесловенските просветители Кирил и Методиј“.

На прашањето како влијаеле пораките на папата, кој се залага против корупцијата и лажните вести кои ги има и кај нас, Заев рече дека со „поголема верба меѓу нас може да се надмине сè, често и болни работи“.

„Министерката за правда ме информираше дека за утре е закажана средба со опозицијата за Законот за СЈО и мислам дека и двете страни можеме да ги приближиме ставовите, оти се при крај деновите пред затворање на извештајот на ЕУ“, рече Заев.