Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

НА ПАТ СЕ ПРВИТЕ ПРАТКИ ОД „ТЕМУ“ КОН МАКЕДОНИЈА, ПОЧНУВА „ЛУДИЛОТО“

Од почетокот на месецов популарната кинеска платформа за онлајн шопинг „Тему“ (Temu) конечно доставува и во Македонија. Со тоа македонските купувачи, кои досега беа оставени сами на себе да се снаоѓаат во однос на доставата на пратките од „Тему“, сега можат да бидат сигурни дека навремено и безбедно ќе ги добиваат своите нарачки.

Пратките до крајните купувачи ќе ги испорачува поштенската компанија „Еко логистик сервис“ (ЕЛС). „Блумберг Адрија“ неофицијално дознава дека првите пратки во моментов се во Унгарија и во следните седум дена треба да пристигнат во земјава.

Прочитајте повеќе„Тему“ и „Шејн“ нѐ водат во ера на потрошувачка култура на Тикток

Позната по своите неверојатно ниски цени и широкиот асортиман на производи, кинеската онлајн продавница „Тему“, основана кон средината на 2022 година, привлече милиони корисници низ светот нудејќи сè, од облека и електроника до домашни производи, по многу пониски цени од другите популарни платформи за онлајн шопинг.

Успехот на „Тему“, особено во САД и во Европа, може да им се припише на нејзините агресивни маркетинг-стратегии, вклучувајќи значителни попусти, промоции и силно присуство на социјалните мрежи како Тикток. Програмата за препораки на платформата, која ги поттикнува корисниците да покануваат пријатели во замена за бесплатни подароци или кредити во апликацијата, исто така одигра клучна улога во нејзиниот раст.

 

Друг фактор за ниските цени на производите е намалувањето на бројот на посредници од производителите во Кина до прекуокеанските купувачи. Тоа ги минимизира логистичките и транспортните трошоци, што овозможува пониски цени. Компанијата го минимизира и сопствениот магацински простор, а повеќето производи се испраќаат директно од производителите во Кина.

Клиентите на „Тему“ најчесто купуваат мали производи за домаќинство, козметика, производи за убавина и чевли односно модели што често стануваат популарни на социјалните мрежи.

И покрај експлозивниот раст со кој до крајот на 2023 година стигна до годишен приход од 18 милијарди долари, „Тему“ допрва треба да го претвори сето тоа во нето-профит. Неговата агресивна тактика за раст сè уште подразбира маркетиншка кампања вредна повеќе од три милијарди долари годинава, при што, како „Амазон“ во раните денови, „Тему“ ги жртвува краткорочните добивки за да се прошири на пазарот што е можно повеќе со давање огромни попусти или бесплатна испорака.

Во првата половина од годинава е остварена продажба во вредност од 20 милијарди долари, а до крајот на годината се очекуваат вкупно 54 милијарди долари продажба. Тоа е сè уште далеку од најголемите компании во индустријата, но јазот брзо се затвора.
Извор : Адрија.МК

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ